No Image x 0.00 + POST No Image

Роботи вработени на рецепцијата во хотелите во Јапонија: „Бев во шок откако роботот ми се обрати и рече: „Не гледај во мене!“

SHARE
25

Јапонија повторно предизвикува внимание со нејзините технолошки иновации — овојпат преку хотел каде рецепционерите се... роботи. Една туристка од Аргентина сподели на TikTok видео од својот престој во хотел во Токио, каде ја дочекале хуманоидни роботи облечени како рецепционери, со бела униформа и шапки, како од некој научно-фантастичен филм. Нејзината реакција: мешавина од шок и неудобност.

Роботи вработени на рецепцијата во хотелите во Јапонија: „Бев во шок откако роботот ми се обрати и рече: „Не гледај во мене!“

Хотелот „Henn na“: футуристички концепт со роботи на прием

Хотелот е дел од синџирот Henn na Hotel, што на јапонски значи „чуден хотел“, познат по своите футуристички чек-ин искуства. Некои од нивните објекти дури користат и роботи-диносауруси наместо персонал. Целта? Побрзо и поефикасно услужување. Но, туристката вели дека искуството било далеку од пријатно — од роботот што ја поздравува до автоматизираните киосци за скенирање пасош и добивање клуч-картичка. Многумина на социјалните мрежи беа вознемирени од видеото. „Учиш угостителство за на крај да те замени робот,“ коментира еден. Други пак, ја споредија сцената со епизода од Black Mirror.

Хотелот „Henn na“: футуристички концепт со роботи на прием

Технологијата предизвика потреба од повеќе човечка „рака“

Интересно е што, и покрај иновативниот пристап, повеќе од половина од вкупно 240-те роботи во хотелите на Henn na се веќе повлечени — поради дефекти, погрешни интерпретации на команди и зголемена потреба од човечка интервенција. Иронично, токму технологијата што требаше да го намали човечкиот ангажман, предизвикала поголема потреба од вработување луѓе. Иако ваквите експерименти изгледаат напредни, тие ја отвораат прашањето: дали технологијата во угостителството треба да го замени човекот или само да му помогне?

Технологијата предизвика потреба од повеќе човечка „рака“