Роби Вилијамс: А може ли да се пее без жаби?
Роби Вилијамс гордо ја покажува својата нова насмевка после една несреќна случка. Поранешниот член на Тake That останал без преден заб додека се подготвувал за спиење, додека сопругата Ајда Филд го чекала во спалната. По несреќата, Роби сподели дека ќе му треба време да го попраи, бидејќи неговиот стоматолог е цел пет часа авионско растојание далеку. Ајда, пак, не издржа да не му се потсмее.
In This Article:
Роби остана без дел од забот додека четкал заби, Ајда се насмеала дека личи на „Глупавиот и Поглупавиот“
Споделувајќи ја приказната на Инстаграм, Роби вели: „Синоќа си ги четкав забите. Додека се враќав во кревет, јазикот ми се занимаваше со нешто ново... нова дупка, нова вдлабнатина. Да бидам искрен, делуваше интересно.“ Не сфатил одма што се случило, се додека не се насмевнал кон Ајда: „Тогаш таа вдиша нагло – и јас сфатив: ‘Ах. Ова ново чувство е затоа што ми фали половина заб’. Ајда се насмеа. И јас се насмеав. Потоа рече дека личам на ‘Глупавиот и Поглупавиот’. Искрено, изгледам.“
Стоматологот му е во Лос Анџелес, а тој има настапи во Мајами – новата насмевка можеби ќе потрае
Роби продолжи: „Јас сум во Мајами, а оној суперстар што ми ги направи забите е во ЛА. Имам настапи закажани. Треба ли да летам пет часа само за еден заб? Или... ова ми е новиот изглед сега?“ Пејачот дури се шегуваше дали „да го избои местото како на Гластонбери 1995“, прашувајќи ја публиката: „Ова е поправање или нов бренд? Намасте, Lobby Wiwams x.”
Роби признал дека имал здравствени проблеми: скорбут, депресија и битка со тежината
Ова не е единствениот здравствен проблем на Роби последниве години. Поради недоволно јадење, му бил дијагностициран скорбут – болест на пирати од 17. век поради недостаток на витамин Ц: „Не јадев и не добивав хранливи материи“, раскажува Вилијамс. Ајда му рекла дека изгледа премногу слабо, но тој признава: „Со дисморфија на телото, кога ќе ти кажат дека си многу слаб, тоа за тебе е како да си стигнал доја земја на ветувањата.“ Покрај тоа, оваа година одново се соочил со депресија после десет години: „Бев тажен, анксиозен, депресивен. Мислев дека ова е крајот на мојата приказна, дека ќе влезам во некоја прекрасна земја. Но сепак, тоа се врати и беше збунувачки.“