No Image x 0.00 + POST No Image

Резил за Tesla: Големото влегување во Индија резултираше со само 600 продадени автомобили – што се случи со најавениот успех?

SHARE
20

Tesla конечно се проби на тешко достапниот индиски автомобилски пазар, но почетокот е далеку од очекуваното. Наместо преплавување со продажби, Tesla доби само 600 нарачки од лансирањето во јули – бројка која компанијата обично ја реализира за помалку од еден ден на глобално ниво.

Резил за Tesla: Големото влегување во Индија резултираше со само 600 продадени автомобили – што се случи со најавениот успех?

Tesla ќе испорача до 500 автомобили, а остатокот ќе чекаат подолго

Tesla планира до крајот на 2025 година да испорача меѓу 350 и 500 автомобили за индиските купувачи – значи дека помалку од половина од оние кои нарачаа ќе си го добијат возилото оваа година. Првиот контингент од Шангај пристигнува почетокот на септември. Овој бавен старт фрла сенка врз глобалните амбиции на компанијата и го подрива кредибилитетот на Елoн Маск на азискиот пазар.

Tesla ќе испорача до 500 автомобили, а остатокот ќе чекаат подолго

Acura се повлекува од електричните автомобили и ги напушта лимузините – иднината им е само кросовери

Acura ги менува плановите – наместо целосна електрификација, сега се враќа на хибриди. Со престанокот на производството на TLX, останува само Integra, а и таа ќе исчезне во 2028 година. Од тој момент, Acura ќе биде бренд со исклучиво кросовери, без лимузини. Легендарниот модел NSX сè уште нема конкретен план за електрична верзија, ниту датум за враќање.

Acura се повлекува од електричните автомобили и ги напушта лимузините – иднината им е само кросовери

Рекордни продажби за Kia, Hyundai и Genesis во САД – август донесе историски најдобри резултати

Август беше најуспешниот месец за Kia во цела Северна Америка, додека Hyundai забележа 12% пораст на продажбата и забележа 88.523 продадени возила – историски рекорд. Genesis исто така бележи најдобар август досега со 7% пораст. Новата стратегија за квалитетни, безбедни и убави автомобили ја зголеми популарноста на корејските брендови на американскиот пазар.

Рекордни продажби за Kia, Hyundai и Genesis во САД – август донесе историски најдобри резултати

Позади сцената: Работниците на Hyundai најавија штрајк за повисоки плати и пократка работна недела

Додека продажбата расте, работниците во фабриките во Кореја се закануваат со делумни штрајкови барајќи пократка работна недела и зголемување на платите. Синдикатот на Hyundai – со 40.000 членови – планира штрајкови низ неколку фабрики, како и барања за 30% бонус од годишната добивка и покачување на возраста за пензионирање од 60 на 64 години. Работничкиот бунт фрла сенка врз корпоративниот успех и нагласува дека профитот не се дели еднакво на сите.

Позади сцената: Работниците на Hyundai најавија штрајк за повисоки плати и пократка работна недела