No Image x 0.00 + POST No Image

Како да ги излупите варените јајца за неколку секунди само со едно нешто што го имате во кујната

SHARE
25

Варените јајца се совршени за појадок – но пред да уживате во вашиот протеин, ве чека најтешкиот дел – лупењето. Често, тргнувањето на лушпата остава многу отпад и половина појадок во корпа. Но, сега постои трик со една состојка и предмет кој сите го имаме дома, што ја менува играта.

Како да ги излупите варените јајца за неколку секунди само со едно нешто што го имате во кујната

Фитнес тренерот Тома Едвардс ја откри едноставната тајна за вадење на лушпата од јајце за неколку секунди

Тома Едвардс, личен тренер, сподели со своите 5.500 следбеници на Инстаграм генијален метод со само пластичен сад и малку вода. Неговото видео почна со признание: „Навистина се срамам што ми требаа 34 години да го откријам ова..." Потоа покажа како става сварено јајце во пластичен сад со неколку капки вода. Постапката е навистина лесна – ставете капак и протресете ја кутијата енергично само една секунда. Кога ќе го кренете капакот, ќе го најдете јајцето без лушпа, целосно излупено без никаков напор. Свежите јајца најдобро реагираат на овој метод, што го прави лупењето уште поедноставно. Може дополнително да ја потчукнете лушпата низ јајцето пред да тргнете да тресете.

Фитнес тренерот Тома Едвардс ја откри едноставната тајна за вадење на лушпата од јајце за неколку секунди