No Image x 0.00 + POST No Image

Револуционерна налепница што го враќа пулсот: Научниците создадоа безжичен пејсмејкер кој не бара операција за да се инсталира

SHARE
20

Истражувачи од Масачусетскиот технолошки институт (MIT) ја претставија првата неинвазивна нослива налепница-кардиостимулатор, која може да го регулира срцевиот ритам без да биде потребна комплексна хируршка процедура и без директен контакт со срцевиот мускул. Информацијата ја објави Interesting Engineering.

Револуционерна налепница што го враќа пулсот: Научниците создадоа безжичен пејсмејкер кој не бара операција за да се инсталира

Нова технологија: малечка налепница со огромен потенцијал ги заменува традиционалните кардиостимулатори

Наместо класичните несмасни уреди и ризични операции кои вклучуваат имплантација на електроди и уреди во телото, новата технологија на MIT користи тенок сензор налепен на градите на пациентот. Оваа налепница ги избегнува ризиците и болката од традиционалната хирургија.

Нова технологија: малечка налепница со огромен потенцијал ги заменува традиционалните кардиостимулатори

Моќта на соно-генетиката: Како налепницата овозможува командување со срцето само преку звук и генска модификација

Принципот на работа на уредот се базира на ултразвучна стимулација и генетска инженеринг-технологија позната како соно- или акустогенетика. Додека класичните уреди праќаат електрични импулси, ова решение користи фокусирани звучни бранови со висока фреквенција. За срцето да реагира на сигналот, пациентот претходно добива еднократна генска терапија. Специјални вирусни вектори внесуваат во клетките на срцевиот мускул изменети јонски канали, кои се отвораат само при одредена звучна фреквенција. Кога надворешната налепница испраќа ултразвук, каналите веднаш се отвораат, калциумот навлегува во клетката и токму оваа хемиска реакција е сигнал за муслулното стегање, односно за ритамот на срцето.

Моќта на соно-генетиката: Како налепницата овозможува командување со срцето само преку звук и генска модификација

Дизајн на кардиостимулаторот: Ултра тенок, голем колку поштенска марка и невидлив под облеката

Самото уредче е со големина на поштенска марка и се состои од минијатурни ултразвучни претварачи вградени во хидрогелов слој што совршено се прилепува за човечката кожа и овозможува непречено минување на звукот. Лабораториските тестирања покажаа моментален ефект: модифицираните човечки срцеви клетки се синхронизираа со ритамот на уредот. Во експерименти со стаорци со тешки аритмии, малиот стикер брзо го стабилизираше пулсот, враќајќи го во нормални граници.

Дизајн на кардиостимулаторот: Ултра тенок, голем колку поштенска марка и невидлив под облеката

Двостепена процедура: Една инјекција и налепница од надвор, наместо скалпел и долга рехабилитација

Тимот на MIT предлага двостепен пристап за употреба кај луѓето. Прво, на пациентот му се дава инјекција од FDA-одобрена генска терапија што ги подготвува ткивата за ултразвучна стимулација. Потоа, единствено што треба е да се носи налепницата што е поврзана со мал компактен акумулатор. Паралелно, научниците работат и на интеграција со претходната нивна технологија – ултразвучна налепница за визуелизација на внатрешни органи. Крајната цел им е да создадат интелигентен пластир што ќе ја следи работата на срцето во реално време и ќе реагира на отстапувања автоматски, без хируршка интервенција.

Двостепена процедура: Една инјекција и налепница од надвор, наместо скалпел и долга рехабилитација

Ултразвукот го трансформира третманот: Стимулирање, уништување на тумори и безбедно управување со органите преку кожата

Ултразвукот одамна се користи во медицината не само за дијагностика, туку и за терапија. Фокусиран ултразвук може да уништи тумори без ниту еден рез, како и да стимулира нервни завршетоци за олеснување болка. Соногенетиката е развиена врз основа на оптогенетиката, каде што со светлина се контролираат невронот. Промената на звук овозможи длабоко продирање во ткивата, бидејќи акустичните бранови многу помалку се расфрлаат од светлината – што го прави возможно дистанцирано менаџирање на органи преку кожата.

Ултразвукот го трансформира третманот: Стимулирање, уништување на тумори и безбедно управување со органите преку кожата

-->