No Image x 0.00 + POST No Image

Ретка тајванска печурка што може да убива канцер-клетки: Со векови се користела од традиционалната медицина, а научниците конечно открија како лечи

SHARE
25

Антродиа циннамомеа (Antrodia cinnamomea), ретка печурка што расте само во Тајван и на ендемско дрво, го држи клучот до нова, природна борба против ракот. Отсекогаш ценета во традиционалната медицина, сега научно е докажано дека навистина делува!

Ретка тајванска печурка што може да убива канцер-клетки: Со векови се користела од традиционалната медицина, а научниците конечно открија како лечи

Научниците од Тајван открија дека сулфатните полисахариди (SPS) се одговорни за борбата против ракот

Тим од Националниот тајвански универзитет и Националниот универзитет Јанг Минг Чиао Тун идентификуваа група на соединенија – сулфатни полисахариди (SPS) – уникатни сахари кои комбинираат глукоза, галактоза и сулфат во една единствена молекула. Претходно веќе е утврдено дека ваквите соединенија имаат антиканцерогено и антиинфламаторно дејство, но механизмот остануваше непознат.

Научниците од Тајван открија дека сулфатните полисахариди (SPS) се одговорни за борбата против ракот

Синтеза во лабораторија: Печурката не мора да се собира од дивина бидејќи може да се одгледува вештачки

За да докажат која молекула е одговорна, научниците создадоа технологија со која ги поттикнуваат печурките во лабораторија да произведуваат поголемо количество SPS. Овој чекор ги ослободува од натамошно уништување на загрозени дрва и овозможува контролиран пристап до биоактивните молекули.

Синтеза во лабораторија: Печурката не мора да се собира од дивина бидејќи може да се одгледува вештачки

Откриен е најуспешниот молекул – N50 F2 ги блокира и уништува клетките на белодробен карцином во лабораториски услови

Најкорисен бил молекулот N50 F2. Во експерименти драстично ги намалувал инфламаторните маркери кај клетките и успешно ги уништувал белодробните канцер-клетки. Ова се сеуште лабораториски тестирања, но резултатите ветуваат развој на нова терапија.

Откриен е најуспешниот молекул – N50 F2 ги блокира и уништува клетките на белодробен карцином во лабораториски услови

Ова откритие отвора нов пат: Од природата до можни идни лекови против рак

„Нашата студија покажува дека SPS од A. cinnamomea имаат силно антиинфламаторно дејство и инхибираат канцер-клетки во ин витро услови“, пишуваат истражувачите. Тие истакнуваат дека ова е само почеток: потребни се дополнителни испитувања врз луѓе, но со целосно контролирано производство и екстракција, научниците се оптимисти за идните апликации во клинички третмани и суплементи.

Ова откритие отвора нов пат: Од природата до можни идни лекови против рак