No Image x 0.00 + POST No Image

Ретка Покемон картичка купена за 2,50 долари во 1999 година може да достигне над 50.000 долари на аукција

SHARE
25

Кога ќе помислите на вредни антиквитети кои се продаваат на аукција, веројатно не ви паѓа веднаш на ум Pokemon картичка. Но оваа недела, еден редок примерок би можел да достигне дури 50.000 долари, откако ќе се најде под чеканот. Оваа картичка – „светиот грал“ на колекционерите, прва едиција, Shadowless Base Set Charizard во совршена состојба – е вистинска ѕвезда на продажбата којашто се одржува по повод 30 години од Pokemon феноменот.

Ретка Покемон картичка купена за 2,50 долари во 1999 година може да достигне над 50.000 долари на аукција

Прва едиција Charizard може да достигне 50.000 долари

Оваа Charizard картичка е главна атракција на тематската аукција на Hansons Auctioneers со проценета вредност меѓу 30.000 и 40.000 фунти. Во 1999 година, нејзината цена изнесувала само 2,50 долари, но за љубителите на Pokemon таа е недостижен трофеј.

Прва едиција Charizard може да достигне 50.000 долари

Pokemon картичките потекнуваат од Јапонија и денес има над 30 милијарди отпечатени примероци

Овие колекционерски предмети настанале како Nintendo игра под името Pocket Monsters во Јапонија, но набрзо името било скратено на Pokemon. По огромниот успех на видео игрите, компанијата Media Factory ја создава Pokemon Trading Card Game. Првиот сет бил издаден на 20 октомври 1996 година и содржел 102 картички. Оттогаш досега се отпечатени над 30 милијарди парчиња ширум светот.

Pokemon картичките потекнуваат од Јапонија и денес има над 30 милијарди отпечатени примероци

Само 4.000 до 10.000 оригинални Charizard картички, денес ретко се наоѓаат во одлична состојба

Специјалистот за Pokemon, Дејвид Вилсон-Турнер, раскажува: „После 30 години, Pokemon денот повторно ќе ја разбуди манијата. Во 1999 година, пакување од 11 Pokemon картички можевте да купите во било кој Woolworths за 2 до 2,50 долари. Charizard беше најретката холографска картичка од основниот сет, па кога ќе извлечевте една беше како да сте добиле мало лото. Само 4.000 до 10.000 вакви картички се произведоа, поголемиот дел се употребувани и сега се искинати, така што да најдете совршена како оваа, со оценка 9 од 10, е навистина реткост.“

Само 4.000 до 10.000 оригинални Charizard картички, денес ретко се наоѓаат во одлична состојба

Запечатен англиски Pokemon Booster Box од 1999 година сега проценет на 16.000 до 20.000 долари

Во понудата на аукцијата се наоѓа и редок запечатен Booster Box од првото англиско Pokemon издание. Овој вреден артикл, сместен во акрилна заштитна кутија, содржи 36 запечатени пакувања од Unlimited изданието со мал тираж. Според господинот Вилсон-Турнер: „Кога оваа кутија првично се купувала, чинела околу 100 фунти, што е навистина добра инвестиција ако го споредиме со сегашната вредност од 10.000 фунти.“

Запечатен англиски Pokemon Booster Box од 1999 година сега проценет на 16.000 до 20.000 долари

-->