No Image x 0.00 + POST No Image

Разводот од 75 милиони долари е главна тема во кинексите медиуми: Поранешната сопруга на кинескиот Ворен Бафет доби половина од акциите на неговата компанија

SHARE
0

По 15 години бракоразводна постапка, кинескиот суд конечно донесе пресуда со која нареди исплата на алиментација од 536 милиони јуани (75 милиони американски долари), што предизвика огромно внимание на социјалните мрежи.

Разводот од 75 милиони долари е главна тема во кинексите медиуми: Поранешната сопруга на кинескиот Ворен Бафет доби половина од акциите на неговата компанија

Судот му нареди на кинескиот Ворен Бафет да ги подели акциите од нивната заедничка компанија

Зхао Бингсиан, 63-годишниот финансиски инвеститор кој често е нарекуван „кинескиот Ворен Бафет“, мора да и исплати на поранешната сопруга Лу Жуан половина од акциите во компанијата Beijing Zhongzheng Wanrong Investment Group, според вредноста на акциите проценета на 536 милиони јуани.

Судот му нареди на кинескиот Ворен Бафет да ги подели акциите од нивната заедничка компанија

Приватниот живот на моќниот пар ги открива корените на нивната инвестициона моќ

Зхао дипломирал финансии на престижниот универзитет Шангај Џиао Тонг во осумдесеттите години. Со Лу се запознал додека служел во Народната ослободителна армија во 1986 година, а се венчале две години подоцна. Од друга страна пак бившата сопруга Лу потекнува од Шангај и има семејна историја во инвестиции – нејзиниот дедо инвестирал на берзата уште пред основањето на Народна Република Кина во 1949 година.

Приватниот живот на моќниот пар ги открива корените на нивната инвестициона моќ