No Image x 0.00 + POST No Image

Путин ги исплаши луѓето на Трамп во Аљаска: Преговарањето за мирот во Украина претвори надеж во паника, а ручекот беше откажан!

SHARE
0

Историскиот самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Аљаска донесе драматична пресвртница – американската делегација излезе „мртво бледа“ и „уплашена“, енормно потресена од разговорите за Украина, а планираниот свечен ручек беше откажан во последен момент.

Путин ги исплаши луѓето на Трамп во Аљаска: Преговарањето за мирот во Украина претвори надеж во паника, а ручекот беше откажан!

Мирот во Украина подразбира отстапување на огромни делови на Русија

На петочниот состанок во Аљаска, Путин успеа да постигне почетен договор за размена на територии, кој би му отстапил значителни украиснки области. Следниот чекор? Претседателот на САД се обидува да изврши притисок врз Зеленски да ги прифати овие услови. Европските лидери се приклучуваат на Зеленски во Вашингтон за клучни разговори.

Мирот во Украина подразбира отстапување на огромни делови на Русија

Истрауматизирана делегација

По двочасовните разговори зад затворени врати, расположението драстично се смени. Новинарите забележаа како портпаролката Каролин Левит и специјалниот пратеник Стив Виткоф делуваат шокирано и изнемоштено – со „широко отворени очи, бледи лица и очигледен немир“. Ручекот, за кој менито било отпечатено, никогаш не се одржа. Дури и поздравното ракување помеѓу лидерите беше студено и кратко.

Истрауматизирана делегација

Самитот прекинат брзо и без одговори: Ниедно прашање не беше прифатено, а Трамп покажа невообичаена резервираност

По состанокот, ниту еден од лидерите не одговори на прашања од светските новинари. Самото појавување траеше само 12 минути. Претседателот Трамп дозволи Путин да зборува прв и не коментираше ништо во врска со иднината на Украина. Експертите предупредуваат дека само организирањето на ваква средба е дипломатска победа за Путин.

Самитот прекинат брзо и без одговори: Ниедно прашање не беше прифатено, а Трамп покажа невообичаена резервираност

Зеленски не попушта: Украинскиот лидер одбива делба на татковината и предупредува дека Русија не смее да биде наградена

Зеленски категорично ги одбива условите за отстапување на Крим и останатите територии. Според него, Украинците се борат за својата независност и слобода и не смее да се дозволи Русија да биде наградена за агресијата. Последниот пат кога Зеленски се сретна со Трамп, средбата заврши во скандал и расправија, откако американскиот претседател му порача: „Ти се коцкаш со Трета светска војна“.

Зеленски не попушта: Украинскиот лидер одбива делба на татковината и предупредува дека Русија не смее да биде наградена