No Image x 0.00 + POST No Image

Мистеријата за врколаците низ историјата: Страшни искази и пронајдениот череп во Македонија кои го шокирале светот

SHARE
25

Според легендата, врколак е човек со способност да се претвори во волк, или по сопствена волја или под дејство на клетва или болест. Но, овие приказни не се ограничени само на страниците на фолклорот – низ вековите постојат бројни случаи во кои луѓето тврделе дека врколаци се вистински суштества кои од сенките ги ловат луѓето.

Мистеријата за врколаците низ историјата: Страшни искази и пронајдениот череп во Македонија кои го шокирале светот

Антички записи: Херодот опишува племе кое еднаш годишно се претворало во волци

Таткото на историјата, Херодот, пишувал за Неурите, племе кое живеело во централна Евроазија и за кое се верувало дека еднаш годишно се претвора во волци неколку дена. „Очигледно овие луѓе практикуваат магија; постои приказна меѓу Скитите и Грците во Скитија дека еднаш годишно секој Неур се претвора во волк на неколку дена, па потоа повторно станува човек.“

Антички записи: Херодот опишува племе кое еднаш годишно се претворало во волци

Проколнати поради канибализам

Други писатели и филозофи од античките времиња, меѓу кои и Плиниј Стариот и Вергилиј, опишувале случаи каде луѓе се претворале во волци, често по извршување на канибализам, слично на верувањата за Вендиго во Северна Америка. „Агриопас, авторот на Олимпијадите, информира дека Деменетус, Пархазиецот, за време на жртвување на човечки жртви од страна на Аркадијците за Ликаонскиот Јупитер, вкусил од внатрешноста на момче што било убиено; потоа бил претворен во волк.“

Проколнати поради канибализам

Скандинавски кралеви и средновековни воини: Верување дека носењето на волчја кожа дава сила и дивост

По класичната ера, легендата за вкрволаци преминува и во средновековните традиции. Харолд I Норвешки и други европски владетели биле сметани за вкрволаци. Во Скандинавија, фанатични воини носеле волчји кожи во битките, верувајќи дека така ќе ја добијат дивата енергија на волкот.

Скандинавски кралеви и средновековни воини: Верување дека носењето на волчја кожа дава сила и дивост

Судско прогонство во рано модерна Европа: Десетици жени и мажи обвинети за врколаштво и канибализам

Во 16 век Франција, повлечениот еремит Жил Гарније бил обвинет дека е врколак – нарекуван „Врколакот од Дол“, Гарније бил сериски убиец за кого се верувало дека се претворал во врколак и ги консумирал своите детски жртви. Слични случаи имало и низ Естонија и Ливонија, каде меѓу 1527 и 1725 година, осумнаесет жени и тринаесет мажи биле осудени дека направиле зли дела како врколаци, откако склучиле договор со демон и извршиле канибализам.

Судско прогонство во рано модерна Европа: Десетици жени и мажи обвинети за врколаштво и канибализам

Пронајден череп заклучен во кутија во Македонија: Се верува дека е врколак од народното предание

Интересот за врколаците не стивнува и во современо време. Во 2014 година, македонски земјоделец пронаоѓа мистериозен череп заклучен во кутија закована со синџири во селото Ново Село. Черепот изгледал како волчји, но со неверојатно зголемен череп што наликувал и на човечки. На внатрешноста на капакот со кирилско писмо пишува: „внимавај од опасниот врколак“. Според буквите и правописот, кутијата потекнува од пред 1860 година.

Пронајден череп заклучен во кутија во Македонија: Се верува дека е врколак од народното предание

Научниците велат дека черепот бил заболен волк, но селаните се плашат од клетвата: „Ако сум осуден да бидам врколак, нека биде така“

Научниците сметаат дека необичните остатоци најверојатно припаѓале на волк со Пеџетова болест, што предизвикува черепот да расте неприродно. Но, селаните сепак се плашат зошто черепот бил скриен во кутија. Самата личност која го најде черепот вели: „Многу од моите соседи се лути што го вознемирив врколакот [...] велат дека ќе се родам повторно како врколак. Ако сум осуден на тоа, нека биде така. Што било било.“

Научниците велат дека черепот бил заболен волк, но селаните се плашат од клетвата: „Ако сум осуден да бидам врколак, нека биде така“

Врколакот во модерното време: Видео од човек-волк ја внесе паниката во Бразил

Во 2014 година, на интернет излегува видео кое наводно прикажува безбедносна камера што снимала чудно суштество слично на врколак во Сао Гонсало де Кампош, Бразил. На видеото се гледа крупно, црно, влакнесто суштество високо над 1,5 метар, кое постојано се движи. Сведоците го опишувале како „полу-човек, полу-волк“.

Врколакот во модерното време: Видео од човек-волк ја внесе паниката во Бразил

Вистински страв и полициски час: Жителите самоволно се затвораат дома поради несигурност од чудовиштето

Иако се покажало дека видеото е старо и снимено уште во 2007 година, стравот кај жителите бил вистинит – се вовел самоволен полициски час и сите биле дома до 21 часот. За нив, страшното суштество „полу-човек, полу-волк“ навистина демнело низ мрачните улици од нивниот град.

Вистински страв и полициски час: Жителите самоволно се затвораат дома поради несигурност од чудовиштето

-->