No Image x 0.00 + POST No Image

Проективен тест: Како се однесувате во тешки ситуации?

SHARE
25

Луѓето различно реагираат кога се соочуваат со тешкотии: некои замрзнуваат и се препуштаат, чекајќи другите да решат сè; други веднаш бараат помош и користат надворешни ресурси; трети, пак, се потпираат само на своите сили и измислуваат креативни решенија. Денес, преку проективен тест, ви предлагаме да го откриете вашиот стил на справување со комплексни животни ситуации. Погледнете внимателно во шесте лавиринти и одберете го оној кој најмногу ви се допаѓа. Не размислувајте долго — слушнете ја својата душа, таа секогаш знае што е најдобро.

Проективен тест: Како се однесувате во тешки ситуации?

Лавиринт 1

Вас може да ве наречеме решителна и смела личност. „Гледам цел, не гледам препреки“ е вашето животно мото. Навикнати сте прецизно да ги испланирате вашите постапки и одите до крај за да ја достигнете целта. Во тешки, замрсени и непредвидливи ситуации се снаоѓате како риба во вода – тие ви даваат чувство дека го контролирате животот и ја потврдувате сопствената вредност. Досадно ви е без ризици и предизвици, па често (свесно) го претворате животот во низа авантури. Вљубени сте во својата способност да решавате проблеми и да не се изгубите во стресни ситуации – тоа ви е движечка сила. Бидете внимателни: адреналинот е возбудлив, но не е здраво цело време да живеете во него, а ни вашите блиски не секогаш можат да го следат овој ритам.

Лавиринт 1

Лавиринт 2

Доколку некој се плаши од лавиринти, вие сигурно не сте тој. Вие едноставно живеете во нив. Обожавате мистерии и загатки, ве привлекува да одите таму каде што никому не му паѓа на памет да тргне. За вас е поважно патувањето и впечатоците што ги добивате, отколку самиот крај. Како страствена и емотивна личност, знаете одеднаш да се предомислите, да одите во сосема нова насока или да направите пауза на „погрешно“ место. Токму затоа, можеби никогаш нема да стигнете до првичната цел. Вие сте фасцинантен, но тежок сопатник. Вашата емоционалност и желба да го најдете скриеното значење може да ви донесе и корист и штета.

Лавиринт 2

Лавиринт 3

Очигледно, не припаѓате на плашливите. Обожавате ризик, не се плашите од екстремни ситуации и секогаш ја преземате одговорноста на себе. Креативни сте, ве привлекува да ја провоцирате судбината и да измислувате нови начини за решавање задачи. Не ви значи комфорот – лесно би се откажале од стабилен живот за авантура и нови искуства. Не ве карактеризира желбата за тимска работа – не сакате да сте како сите. За вас е подобро да живеете пократко, но поинтензивно и пополно. Интелигенција, практична досетливост, лидерски квалитети и креативност – тоа се вашите внатрешни богатства, но не заборавајте да ги користите мудро, за да не ги растурите залудно.

Лавиринт 3

Лавиринт 4

Не може да се каже дека ги сакате тешкотиите и лавиринтите, но успевате смирено да се соочите со нив. Знаете да се сконцентирате и донесете вистинска одлука. Покрај целта, важна ви е и патеката до неа – пејсажите, патниците, впечатоците. Не одите по непознати патишта – бирате рамна траса по која одамна веќе некој поминал. Ја сакате самотијата, можноста да пофилозофирате, да сонувате, да се посветите на своите работи во свој ритам. Но луѓето се прилепуваат кон вас – во вас гледаат човек со интересна перспектива. Не би требало да се затворите во себе, бидејќи некому вашиот мудар совет многу му е потребен.

Лавиринт 4

Лавиринт 5

Не барате лесни патишта, тие не ви се интересни. Вие сте истражувач и пионер, понекогаш имате чувство дека целиот живот ви е еден огромен лавиринт од кој нема излез. Дали чувствувате дека сте се измориле, истрошиле, изгубиле надеж? Застанете, одморете, залекувајте ги раните, па разгледајте околу себе за да го видите патот по кој навистина сакате да тргнете. Имате многу можности и сила, но не секогаш се разбирате себеси. Слушнете што навистина сакате! Барајте информации, совет или помош, и верувајте – секој лавиринт има излез!

Лавиринт 5

Лавиринт 6

Ретко се наоѓате во лавиринти, а кога ќе се случи, брзо излегувате од нив. Внимателни сте и претпазливи, никогаш не би скокнале преку ограда и не сакате да ризикувате. Ви одговараат патиштата што некој веќе ги уредил; можеби тоа не е ваш излез, ама не ви е важно. Не сакате да ризикувате. Го цените комфорот, топлината и стабилноста – умеете да се радувате на она што го имате и не сте склон(а) да му се лутите на животот. Лесно ќе прифатите некој поискусен и мудар да избере за вас, ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе изберете најмалку ризична опција. Ако сте задоволни од себе и својот живот – значи токму така сте го замислувале.

Лавиринт 6