Продавачка предупредува: „Еве ја одвратната причина зошто никогаш не треба да ја носите новата облека без да ја исперете“
Кога ќе купите нова облека, ве молам, исперете ја прво“, предупредува Мај Рикетс, девојка од Велика Британија која стана вирална на TikTok со тоа што работи како продавачка во бутик. „Знам дека кога ќе си купите нешто ново, едвај чекате да го облечете — ама јас добив лишај само затоа што работев во пробна кабина на една голема продавница.“ Рикетс објаснува дека се заразила со лишaj (ringworm) — заразна габична инфекција која предизвикува црвени, кружни осипи, чешање и лупење на кожата. Иако името звучи страшно, нема никакви „црви“ во неа — се работи за габични паразити кои живеат на надворешниот слој на кожата.
Облеката крие повеќе од моден стил
Центарот за контрола и превенција од болести (CDC) предупредува дека лишајот лесно се пренесува преку директен контакт со кожа (вклучувајќи и сексуален), преку заразени животни, нечистотија, па дури и нечисти четки за шминка. Но она што многумина не го знаат е дека облека, пешкири и постелнина исто така можат да бидат извор на зараза — ако ги користел некој што веќе има лишај и не се дезинфицирани потоа. „Ситуацијата во продавниците е навистина гадна“, вели Рикетс. „Луѓе пробуваат облека, ја враќаат назад, а понекогаш таа буквално смрди… или пренесуваат инфекции како лишај.“
Доволен е само еден „валкан“ купувач
Најлошото од сè? Рикетс вели дека не ни пробала облека — само ги допирала додека работела. „И само од тоа добив лишај. Облеката изгледа чиста на закачалка, ама не знаете кој сè ја пробал пред вас.“ „Можеби ја облекле и баба му и тетка му“, вели таа со сарказам. „Доволен е само еден човек со лишај да ја проба пред вас, и – БУМ! – веќе сте заразени.“