No Image x 0.00 + POST No Image

Природен еликсир на младоста: Намирници богати со хијалуронска киселина

SHARE
32

Хијалуронската киселина е природна молекула која го одржува здравјето и младешкиот изглед на кожата, но со возраста нејзиното производство се намалува. За среќа, постојат намирници што можат да помогнат во нејзиното надополнување. На врвот на оваа листа е коскениот бујон, кој со својата богата структура е вистинска „супа на младоста“. Подготовката бара време – од 8 до 36 часа варење – за коските и кожичката (посебно кај живината) да ги ослободат вредните материи. Готовиот бујон може да се пие или да се користи во супи, сосови и варива.

Природен еликсир на младоста: Намирници богати со хијалуронска киселина

Чувари на младоста

Следуваат субпродуктите, како говедска џигерица и бубрези, кои содржат големо количество хијалуронска киселина. Во комбинација со зеленчук, житарки или ориз, тие нудат вкусни и здрави оброци. Меѓу растителните извори, бадемот се издвојува со своите природни киселини, вклучувајќи и хијалуронската. Тој е богат со витамини од Б групата, магнезиум и железо, а може да се користи во салати, печива или како масло. Коренестите зеленчуци како бататот и обичниот компир го поттикнуваат создавањето хијалуронска киселина, благодарение на магнезиумот и витамините што ги содржат.

Чувари на младоста

А, што е со виното?

Цитрусите (портокали, лимони, грејпфрути) се особено важни поради антиоксидансот нарингенин, кој ја штити хијалуронската киселина од распаѓање. Свежите сокови и лимонади се одличен начин за секојдневен внес. Конечно, црвеното грозје со ресвератролот во лушпата и семките, го успорува стареењето и ја чува структурата на кожата. Иако ресвератролот го има и во црвеното вино, препорачливо е умерено консумирање. Со правилен избор на храна, природната нега за кожа станува дел од секојдневната исхрана.

А, што е со виното?

Motika#36660

SHARE
33
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#36547

SHARE
33
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#36475

SHARE
32
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#36458

SHARE
32
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#36464

SHARE
32
No Image
LOADING COMMENTS
more