No Image x 0.00 + POST No Image

Претседателот на Црна Гора му донесе тениски рекет на папата, па тој го потсети: „Ѓоковиќ е од Србија“

SHARE
0

Необична и интересна сцена се случила за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на Ватикан. Средбата со поглаварот на Римокатоличката црква добила спортски тон кога Милатовиќ му подарил специјално изработен тениски рекет со мотиви на Црна Гора, знаејќи за познатата страст на папата кон тенисот.

Претседателот на Црна Гора му донесе тениски рекет на папата, па тој го потсети: „Ѓоковиќ е од Србија“

Папата со насмевка го прекинал Милатовиќ кога бил споменат Новак Ѓоковиќ

Во разговорот за спорт, црногорскиот претседател во еден момент го споменал Новак Ѓоковиќ. Папата веднаш со насмевка го прекинал и со забелешка го потсетил: „Ѓоковиќ е од Србија“. Милатовиќ брзо се снашол и додал дека најдобриот српски тенисер има „многу убав и посебен однос кон Црна Гора“.

Папата со насмевка го прекинал Милатовиќ кога бил споменат Новак Ѓоковиќ

Од Конкордатот од 1886 година до покана за посета на Црна Гора

Кратката и урнебесна видео-размена брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика големо внимание во регионалните медиуми. Освен рекетот, Милатовиќ му подарил и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица од 1886 година, како и традиционален филигрански изработок. Црногорскиот претседател упатил и официјална покана до папата да ја посети Црна Гора.

Од Конкордатот од 1886 година до покана за посета на Црна Гора

-->