„Престанав да пазарувам и пребарувам по контејнери за храна и облека“
Мелани Дијаз (22) ја напуштила својата добро платена работа за да се посвети на необична, но исплатлива страст – пребарување контејнери. Во текот на две години, успеала да заштеди 50.000 долари на облека и секојдневни потреби, посветувајќи 4-5 часа дневно на оваа неконвенционална активност. Сè започнало во 2023 година, кога Дијаз гледала видеа на социјалните мрежи за луѓе кои пронаоѓале вредни предмети во отпадот. По првото искуство, кога нашла книги, играчки и други корисни работи, одлучила да се посвети на ова целосно. Најголем дел од нејзините наоди доаѓаат од продавници како TJ Maxx, Homesense и HomeGoods, каде што често наоѓа сосема нови предмети со оригинални етикети. „Од кога почнав со ова, заштедив многу пари и можев да патувам низ светот“, вели Дијаз, која сега работи како фриленс креатор на содржина.
„Заштедив 50.000 долари за две години“
За разлика од некои што ги препродаваат пронајдените предмети, Дијаз ги донира оние што не ѝ се потребни. „Јас сум од Колумбија, па често испраќам работи таму за да им помогнам на луѓето“, објаснува таа. Оваа необична практика станува сè попопуларна, а некои луѓе дури и заработуваат значителни суми. Една жена од Тексас тврди дека заработува 76.000 долари годишно со препродавање пронајдени предмети. Дури и љубовни приказни можат да се родат од оваа навика – еден пар од Бафало се запознал додека двајцата пребарувале низ отпадот. „Се запознавме во контејнер. Го видов, прашав што прави, и од тој момент станавме неразделни“, раскажува Ерин, сопругата на „ловецот на отпад“ Дејв Шефилд. За некои, ѓубрето навистина може да биде скриено богатство.