„Премногу сум с*кси за да излегувам на состаноци – мажите не ми приоѓаат затоа што мислат дека ќе ги одбијам“
26-годишната Лорен Батлер има проблем! Не била на состанок речиси една година бидејќи мажите никогаш не ѝ приоѓаат за да ја викнат на пијачка. Па сигурно тешко ѝ доаѓа и негативниот ефект од сето тоа, мора сама да си плаќа пијачки.
In This Article:
Уфф, тешко е
„Тешко е да се биде толку секси. Мажите мислат дека сум премногу убава за да излегувам или се грижат дека ќе ги одбијам“.
Лорен верува дека мажите се плашат од неа
„Кога некој размислува да излегува со мене, ги гледа моите фотографии и мислат дека имам многу опции. Тие сигурно се прашуваат: „Зошто би сакала да излезе со мене?“ Мажите ме гледаат како секс објект, но исто така не можат да се справат со самоуверена жена“, изјави таа.
Но, многу мажи добивале погрешна претстава за Лорен
Сепак, Лорен верува дека изгледот мами и многу мажи добиваат погрешна претстава за нејзината личност од нејзините популарни слики на социјалните мрежи. „Фановите се шокирани од тоа колку сум љубезна и понизна кога ќе ме сретнат во реалниот живот“, тврди „скромната манекенка“.
И покрај тоа што ја фатило суша Лорен не се откажува од надежта да најде партнер.
„Мојот последен состанок беше минатото лето. Дефинитивно сум отворена за примање љубов во моментов, но не ја барам активно“.