No Image x 0.00 + POST No Image

Озлогласениот „Тиндер измамник“ Симон Леваев приведен на аеродромот во Батуми, Грузија

SHARE
25

35-годишниот измамник што го бараше Интерпол, најпосле е уапсен на аеродромот во Батуми, Грузија. Човекот што ги шокираше жените и светската јавност со своите шеми, падна во раците на властите по долги години бегство.

Озлогласениот „Тиндер измамник“ Симон Леваев приведен на аеродромот во Батуми, Грузија

Леваев, познат по живот на луксуз и лажни идентитети, беше фатен со фалсификувани документи

Симон Леваев, со вистинско име Шимон Јехуда Хаут, долги години бегал од властите низ целиот свет, користејќи лажни пасоши и фалсификувани документи. По десетици преминувања на граници, разоткриен е и уапсен откако пристигнал во Грузија.

Леваев, познат по живот на луксуз и лажни идентитети, беше фатен со фалсификувани документи

Адвокатот на Леваев: „Се уште не ни е позната точната причина за апсењето“

Министерството за внатрешни работи на Грузија ја потврди веста за апсењето, но адвокатите на Леваев објавија дека се уште не им е позната точната причина. „Разговарав со него утринава по апсењето, но не разбираме зошто го држат. Тој досега слободно патуваше насекаде“, изјави неговиот адвокат.

Адвокатот на Леваев: „Се уште не ни е позната точната причина за апсењето“

Шимон Хаут го измисли Симон Леваев и ги ограби дури и семејните пријатели

Роден 1990-та година во близина на Тел Авив, Шимон како петнаесетгодишник заминал во САД каде прво крадел пари од семејни пријатели. Веќе во младоста почнал да фалсификува чекови и го сменил името во Симон Леваев за да се претстави како син на познатиот „Дијамантски крал“, Лев Леваев.

Шимон Хаут го измисли Симон Леваев и ги ограби дури и семејните пријатели

Тој измами жени низ Европа и собра над 10 милиони долари со лажни приказни и луксузни подароци

Европската јавност првпат слушна за него преку написот на VG и документарецот на Netflix во 2022 година. Преку Tinder, тој заведуваше жени со скапи подароци, вечери и претстава за живот на богатство, а потоа ги ограбуваше преку измислени сценарија. Жртвите продаваа имот, земаа долгови и кредити – Леавев прибрал над 10 милиони долари само од 2017 до 2019 година.

Тој измами жени низ Европа и собра над 10 милиони долари со лажни приказни и луксузни подароци

Осудуван во Финска и Израел – но, уште го бараат за измама, кражба и фалсификат во Норвешка, Шведска и Британија

Во 2015 година, осуден е на три години затвор во Финска. Во 2019 уапсен во Грција поради фалсификуван пасош, па осуден на 15 месеци затвор во Израел. Денеска, на 35 години, Симон Леваев останува симбол на новите дигитални измами кои рушат животни судбини низ континентот.

Осудуван во Финска и Израел – но, уште го бараат за измама, кражба и фалсификат во Норвешка, Шведска и Британија