No Image x 0.00 + POST No Image

Познат пејач открива како ја измамил смртта, благодарение на неверојатна случајност: „Преживеав авионска несреќа седејќи на седиштето 11А - исто како и единствениот преживеан од несреќата на Ер Индија“

SHARE
23

Тајландскиот пејач Руангсак Лојчусак откри дека преживеал катастрофална авионска несреќа во 1998 година – седејќи токму на седиштето 11A, истото како и единствениот преживеан од неодамнешната трагедија со „Air India“. Во несреќата со летот TG261 на Thai Airways, авионот се урна во мочуриште при обид за слетување во Сурат Тани. Загинаа 101 патник и членови на екипажот, а Лојчусак останал меѓу 45 преживеани. Деновиве тој сподели дека добил "морници" кога дознал дека Британецот Вишваш Кумар Рамеш, кој преживеа катастрофа во Индија, исто така бил на седиште 11A.

Познат пејач открива како ја измамил смртта, благодарение на неверојатна случајност: „Преживеав авионска несреќа седејќи на седиштето 11А - исто како и единствениот преживеан од несреќата на Ер Индија“

Трајни последици...

Рамеш беше единствениот преживеан од 244 патници и екипаж во летот на „Air India“, кој експлодираше откако удри во зграда непосредно по полетувањето од Ахмедабад. Тој раскажа како бил „исфрлен" од авионот пред тој да се распадне и запали. Рамеш, кој се лекува во болница, претрпел бројни повреди, но е во стабилна состојба. За жал, неговиот брат, исто така на летот, е меѓу загинатите.

Трајни последици...

Две неверојатно слични приказни за преживување

Лојчусак, кој денес има 47 години, вели дека несреќата во 1998 го променилa неговиот живот. Долго време страдал од страв од летање, избегнувал разговори и чувствувал паника при најмали сигнали за невреме. „Јас сè уште го чувствувам вкусот на водата од мочуриштето“, вели тој. И покрај разликата од 26 години помеѓу двете несреќи, судбинската коинциденција со седиштето 11A ги спои овие двајца мажи со неверојатни приказни за преживување.

Две неверојатно слични приказни за преживување