No Image x 0.00 + POST No Image

Потрошив 100.000 долари за пластични операции – а сега се враќам кон природниот изглед и сопствениот мир

SHARE
25

Лариса Лима, поранешна ѕвезда на реалното шоу „90 Day Fiance“, некогаш беше опседната со пластични операции – додека не реши да го повлече секој забележлив траг од вештачката убавина. Ова е нејзината емотивна приказна за тоа како од екстремни промени, повторно се бори да го најде својот природен изглед… и душевен спокој.

Потрошив 100.000 долари за пластични операции – а сега се враќам кон природниот изглед и сопствениот мир

Зависност од пластични операции: над 100.000 долари за тотална трансформација со огромни импланти, филери и ботокс

По нејзиниот прв настап на 90 Day Fiance во 2018 година, Лариса ја губи контролата над сопствениот изглед: 'Мислев дека поголемо е подобро и никој никогаш не ми кажа НЕ', вели таа. Ставила 1500 мл силиконски импланти, потполна липосукција, ринопластика, ББЛ, филери на лице и усни… и неделен пристап до инјекции во една од клиниките, иако сите околу неа сметале дека претерува.

Зависност од пластични операции: над 100.000 долари за тотална трансформација со огромни импланти, филери и ботокс

Драстичниот изглед почна да носи осуда, понижување и болка

'Обожавам фудбал и одев на натпревари, но сите ме гледаа со огромните гради и усни и се прашуваа што барам таму', изјавува Лариса. Таа била повеќе препознаена по ексцентричниот изглед отколку по својата личност, а почнала да страда од ментален товар и дискриминација.

Драстичниот изглед почна да носи осуда, понижување и болка

Болниот пат назад

Кога сфатила дека изгубила се што е природно, Лариса се доверува на естетската експертка Мелани Спид за да и ги раствори наталожените филери од лицето. Процесот трае месеци, употребени се 13 вијали растворувачи, а терапијата е толку болна што морала да користи гас за смеење. Потоа, нови – умерени – филери и ботокс им даваат свежина, но без претерување. Имплантите ги смалува од 1500 мл на 700 мл, со намера сосема да ги извади во иднина. 'Толку сум среќна сега. Многу е подобро', изјавува таа.

Болниот пат назад

Животот по зависноста

Лариса сега редовно вежба, сонува кариера во хотелиерство и ги советува поранешните колеги од реалното шоу да размислат за „природна рехабилитација“ – особено Дарси и Стејси кои, според неа, 'отидоа предалеку со лицето'. Иако заработеното на OnlyFans ѝ овозможило живот во Америка, таа сака нешто „посериозно и трајно“ надвор од светот на пластичната естетика. Сака да се врати и на телевизија, но како личност која е ценета и го бара сопствениот мир и автентичност.

Животот по зависноста