No Image x 0.00 + POST No Image

Потресната позадина зад убиството на Чарли Кирк: Транс партнерот на осомничениот открива детали за неговиот бурен живот

SHARE
22

Убиството на познатиот конзервативен активист Чарли Кирк добива шокантна димензија откако неговиот осомничен убиец, Тајлер Робинсон (22), се поврзува со транс партнер кој јавно го поддржал Џо Бајден и бил вклучен во „фури“ (крзнената) заедница – подкултура позната по носење костими на животни и сексуализирање на ликови од цртани филмови.

Потресната позадина зад убиството на Чарли Кирк: Транс партнерот на осомничениот открива детали за неговиот бурен живот

Ланс Твигс, транс партнерот и цимер на осомничениот, на интернет го поддржал Бајден и открил детали за својот транс процес

Ланс Твигс (22), познат на социјалните мрежи како „ланселот“, оставил јасни траги за својата поддршка на актуелниот американски претседател и транс заедницата. На Редит напишал: „We are riding with Biden on this glorious subreddit.“ Учествувал и во група посветена на транс прашања, дискутирал околу лекови за !забавување на раст на брада“ и „добар раст на колкови“. Открил дека доаѓа од Јута, а во друг пост раскажал за искуството со неговиот конзервативен христијански дом: „Ми рекоа дека сум опседнат од демон и по 30 минути ме избркаа од дома затоа што се смеев и не сакав да одам кај бискупот за благослов.“

Ланс Твигс, транс партнерот и цимер на осомничениот, на интернет го поддржал Бајден и открил детали за својот транс процес

Осомничениот Тајлер Робинсон имал двоен живот

Робинсон, самиот страствен гејмер и активен член на интернет заедници, користел имиња како „craftin247“ на Steam, Venmo и други платформи. Имал регистрирана сметка на FurAffinity – сајт за фури ентузијасти. Таму прикачувал профилни слики и кореспондирал со ликови во сексуализирани животински костими. Најдена е муниција со гравирани интернет мемиња: „Notices bulge, OwO what’s this?“ и „Hey fascist! CATCH!“ Ова води кон теза дека дел од мотивите се инспирирани од интернет култури.

Осомничениот Тајлер Робинсон имал двоен живот

Семејни релации и исповеди

Дедото на Ланс, Џери Твигс, одбил да зборува за неговиот родов идентитет: „Не сакам да коментирам за тоа. Не сум сигурен што точно е неговата ситуација сега.“ Според блиски извори, Твигс бил во процес на транзиција и бил во романтична врска со Робинсон. Кога го привела полицијата, останал во својот дом и семејството немало лесен пристап до него. Твигс целосно соработувал со полицијата и ги предал сите докази и преписки со Робинсон.

Семејни релации и исповеди

Убиството на Кеирк и јавната осуда

Полицијата уште истражува дали критиките на Кирк за транс заедницата биле повод за нападот од Робинсон. По апсењето, Доналд Трамп посочи дека сака смртна казна за убиецот на Кирк, кого го нарече „најдобар човек“. Убиството ја отвори дебатата околу судирот меѓу новите идентитети, интернет светот и традиционалните вредности во Америка.

Убиството на Кеирк и јавната осуда