Поранешната сопруга на ѕвездата на „Baywatch“ и поранешна позната манекенка, видена како пребарува низ контејнери во очајна состојба
Поранешната манекенка, која сега е бездомник ,Лони Вилисон, беше фотографирана како нурка во контејнер за производи за убавина и како влече количка полна со нејзините работи низ улиците на Лос Анџелес. 40-годишната, поранешна сопруга на ѕвездата на „Baywatch“, Џереми Џексон, изгледаше осамено додека пребаруваше низ кантата во која нашла шише со средство за плакнење уста „Listerine“.
Ова не ѝ е прв пат...
Поранешната ѕвезда во текот на изминатата година неколку пати беше забележана како бара храна на улица, со видливи модринки на рацете и скршен прст, како и додека влече корпа со облека зад себе. 40-годишната жена претходно беше модел за списанија како што се „Glam Fit“, „Flavour“ и „Iron Man“. Но, во 2018 година, таа беше фотографирана како бездомник на улица за прв пат, откако со години не беше видена во јавноста.
Почетокот на падот
Во тоа време, таа се отвори за нејзиниот пад, велејќи дека имала ментален слом во 2016 година и почнала да верува дека некој испраќа електрични струи во нејзиното тело што може да се коригира само со земање кристален мет.