No Image x 0.00 + POST No Image

Полиција казнила возач на Dodge Charger EV поради гласен ауспух кој НЕ постои

SHARE
24

Замислете да ве обинат за нешто што едноставно е невозможно – како да имате премногу гласен ауспух на електричен автомобил кој дури и нема ауспух! Токму ова му се случи на сопственик на Dodge Charger EV во Минесота, САД. Ова не е само смешна анегдота, туку укажува на поширок проблем со неинформираноста на органите на редот.

Полиција казнила возач на Dodge Charger EV поради гласен ауспух кој НЕ постои

Сопственикот вели: „Ме сопреа поради звук што не постои кај EV“

Сопственикот Мајк возел со група автомобили во Стилуотер, Минесота, кога предводниот автомобил нагло забрзал и направил врева на семафор. Мајк останал на црвено светло, а државен полицаец се појавил зад него. Кога семафорот светнал зелено го сопрел и веднаш му рекол: „Твојот издувен систем е премногу гласен и го нарушува мирот“. Мајк објаснил дека тоа е електричен автомобил без мотор и ауспух, но полицаецот му одговорил дека не сака да расправа.

Сопственикот вели: „Ме сопреа поради звук што не постои кај EV“

Добил казни за гласен ауспух, немање предна табличка и јавно нарушување на редот

Мајк добил казни за: премногу гласен ауспух, немање предна регистарска табличка и создавање јавна вознемиреност. Единствено за табличката може да се најде оправдување, бидејќи автомобилот навистина ја нема. Но, за гласен ауспух кај електричен автомобил? Електричниот Dodge Charger Daytona дури и фабрички нема ауспух, ниту мотор со внатрешно согорување.

Добил казни за гласен ауспух, немање предна табличка и јавно нарушување на редот

Звучниот систем Fratzonic Chambered Exhaust e можно објаснување, но и тука „законите не важат“

Dodge има специјален звучен систем Fratzonic Chambered Exhaust, кој на некој начин го имитира звукот на нивниот прочуен V8, преку звучници. На максимум, може да достигне 126 децибели – гласно исто како и Hellcat. Но, дури и фабрички ауспуси се казнувани како премногу гласни – што е апсурд доколку автомобилот е нов од салон.

Звучниот систем Fratzonic Chambered Exhaust e можно објаснување, но и тука „законите не важат“

Законот за издувни гасови не важи за електрични возила

Дури и кога EV би правел врева со звучници, според законите на Минесота, тоа не е прекршување на членот 169.69 кој важи само за моторни возила со издувен систем. Заклуокот е јасен: нема начин електрично возило да биде казнето според ова. Но, системот пак „работи“ на штета на граѓаните.

Законот за издувни гасови не важи за електрични возила