No Image x 0.00 + POST No Image

Лажни полицајци упаднаа во куќа и однесоа 200.000 евра и килограм злато: Филмски грабеж во Нови Бечеј, со пиштоли им се заканувале на домашните, децата гледале сѐ

SHARE
0

Во Нови Бечеј, Србија, вечерен упад во семеен дом се претворил во сцена каква што обично се гледа на филм. Петмина маскирани мажи, облечени како полицајци и вооружени со пиштоли, влегле во куќата на Штефан С., човек кој живее и работи во Германија. Од домот биле однесени околу 200.000 евра и еден килограм злато. Парите, според наведувањата, биле семејна заштеда наменета за купување нова куќа. Во куќата имало возрасни, две жени, меѓу кои и една 75-годишна жена, како и шест деца. Напаѓачите се претставувале како полиција и со закани ги натерале сите да легнат на подот.

Лажни полицајци упаднаа во куќа и однесоа 200.000 евра и килограм злато: Филмски грабеж во Нови Бечеј, со пиштоли им се заканувале на домашните, децата гледале сѐ

Најстарото дете имало 11 години, најмалото само шест

Разбојниците најпрво го скршиле комарникот и преку отворен прозорец влегле во дневната соба на приземјето. „Влегле низ отворен прозорец во дневната соба со викање: 'Полиција! Легнете долу!'. Веднаш ги совладале двајцата синови на Штефан, на возраст од 29 и 30 години, а потоа и двете жени кои биле таму, од кои едната има 75 години. Во тој момент во просторијата имало и шест деца, од кои најстарото има 11, а најмладото само шест години. Разбојниците ги натерале сите да легнат на подот, а потоа еден од нив му вперил пиштол во главата на едно од децата, барајќи од таткото да каже каде се парите“, открива извор близок до истрагата. Плашејќи се за животот на своето дете, човекот веднаш кажал каде се сокриени готовината и накитот.

Најстарото дете имало 11 години, најмалото само шест

Двајца ги чувале заложниците, тројца пребарувале на катот

Додека дел од напаѓачите останале во приземјето, другите се качиле горе и започнале пребарување низ куќата. Кога еден од домашните се обидел да ја крене главата за да види што се случува, бил удрен со кундак од пиштол во главата. Му се заканиле дека следниот пат ке биде убиен. Според изворите од истрагата, целата драма траела околу 20 минути. Во дел од извештаите се наведува дека препадот траел дванаесет минути, пред напаѓачите да побегнат со целата семејна заштеда.

Двајца ги чувале заложниците, тројца пребарувале на катот

Штефан од Германија ги слушнал криците преку телефон

Во моментот кога лажните полицајци провалувале, еден од синовите разговарал со својот татко Штефан С., кој бил во Германија. Таткото ги слушнал криковите и извиците „Полиција!“, по што веднаш ја прекинал врската и го побарал својот брат, кој живее во близина во Нови Бечеј, за да провери што се случува. Братот веднаш повикал полиција и со сопругата се упатил кон куќата. Но, кога влегол во дворот, налетал директно на разбојниците кои веќе излегувале. Со извици „Полиција, легни долу!“, лажните полицајци ги принудиле и нив да легнат на земја, им ги одзеле и им ги фрлиле мобилните телефони, а потоа побегнале со сиво „Ауди А4“ со австриски регистарски таблички.

Штефан од Германија ги слушнал криците преку телефон

Две минути подоцна пристигнала вистинската полиција

Патролите стигнале веднаш по бегството на ограбувачите. Била распишана потера и биле засилени контролите на патиштата, но криминалците успеале да избегаат. Во текот на бегството, тие ги извадиле австриските таблички, а на периферијата на Зрењанин го полиле автомобилот со бензин и го запалиле за да ги уништат доказите. Полицијата извршила увид на местото на настанот и, според објавените информации, интензивно работи на идентификација и апсење на сторителите.

Две минути подоцна пристигнала вистинската полиција

„По ова, не верувам никому“

Сопственикот на куќата, Штефан С., во куса изјава за медиумите рече дека е во шок и дека се плаши за безбедноста на своето семејство. „Се плашам. По ова што се случи, веќе никому не верувам. Ова не би го посакал ниту на најголемиот непријател. Сакавме да купиме уште една куќа. Јас и сопругата работиме во Германија повеке од 30 години. Штедевме. Никому не кажавме дека планираме да купиме недвижност, но очигледно некој дознал. Се надевам дека полицијата брзо ќе ги фати ограбувачите“, изјави преплашениот сопственик.

„По ова, не верувам никому“

-->