No Image x 0.00 + POST No Image

Неверојатно сочувана и по повеќе од 3.000 години: Статуата на Рамзес Втори и ден-денес остава без здив

SHARE
20

Повеќе од три милениуми откако го напушти овој свет, еден од најмоќните владетели во историјата на човештвото, египетскиот фараон Рамзес Втори, познат и како Рамзес Велики, сè уште предизвикува восхит кај секој што ќе го погледне неговото лице. Благодарение на врвното балсамирање на древните египетски мајстори, неговото тело преживеало илјадници години со неверојатно сочувани црти на лицето, карактеристичниот орловски нос, па дури и остатоци од неговата оригинална коса.

Неверојатно сочувана и по повеќе од 3.000 години: Статуата на Рамзес Втори и ден-денес остава без здив

66 години на престолот и живот долг околу 90 или 91 година

Рамзес Втори владеел со Древен Египет за време на 19. династија, од 1279 до 1213 година пред нашата ера. Неговата мумија првично била погребана во Долината на кралевите, во гробницата KV7. Но, поради честите грабежи на гробници во античко време, египетските свештеници подоцна тајно го преместиле неговото тело во скривницата во Деир ел-Бахари, TT320, каде што останало недопрено сè до нејзиното откривање во 1881 година.

66 години на престолот и живот долг околу 90 или 91 година

Во 1976 година, фараонот слетал во Париз со највисоки воени почести

Еден од најнеобичните моменти од модерната историја на оваа мумија се случил кога научниците забележале дека телото на фараонот брзо се оштетува поради габична инфекција. Било одлучено итно да се испрати во Париз на специјален медицински третман и радиоактивна стерилизација. Бидејќи француските закони строго наложуваат секое лице што влегува во земјата, живо или мртво, да поседува валиден пасош, египетската влада му издала официјален пасош на Рамзес Втори, при што во графата за професија било напишано: „Крал (починат)“. Кога авионот со мумијата на фараонот слетал во Париз, тој бил пречекан на пистата како актуелен шеф на држава. Денес, мумијата на Рамзес Втори почива во посебно климатизирана и заштитена просторија во Националниот музеј на египетската цивилизација во Каиро, останувајќи едно од најголемите археолошки и научни чуда на сите времиња.

Во 1976 година, фараонот слетал во Париз со највисоки воени почести

-->