No Image x 0.00 + POST No Image

Пластичен хирург го врати времето: Баба од 70 години изгледа децении помлада по неверојатна операција што ја трансформираше до непрепознатливост

SHARE
25

Фејслифтингот изведен од доктор Карл Трусдејл стана вирален на социјалните мрежи, откако ѝ подари драматично помлад изглед на 70-годишна пациентка која, како што самата кажува, претходно изгледала како да има 90 години.

Пластичен хирург го врати времето: Баба од 70 години изгледа децении помлада по неверојатна операција што ја трансформираше до непрепознатливост

Неверојатна трансформација: Докторот и пациентката пред операцијата

Во видеото кое доктор Трусдејл го објави на ТикТок во февруари, прикажана е жена чиешто лице е обележано со сина боја за претстојната операција. На снимката, пациентката е на работ на солзи. „Јас сум толку среќна — толку сум благодарна“, вели жената. Доктор Трусдејл одговара: „Ќе направам ова да биде неверојатно за тебе... Буквално ќе те вратам во времето. Ќе се видиш себеси како што беше порано.“

Неверојатна трансформација: Докторот и пациентката пред операцијата

По операцијата: Враќање на младоста и сјајот – промена што одзема здив

Видеото покажува како жената изгледа пред операцијата (со шминка), а потоа преминува на сцена по фејслифтингот — нејзината кожа изгледа многу посвежо и поздраво, со видливо помалку брчки. Во видеото пишува: „Ова значи да го вратиш својот сјај во 70-тите“, а исто така се наведува дека е „70 години млада и 1 месец по операцијата“.

По операцијата: Враќање на младоста и сјајот – промена што одзема здив

Огромна поддршка од јавноста: Пофалби за докторот и природниот изглед на пациентката

Коментарите за неверојатната трансформација беа преплавени со пофалби и воодушевување за докторот и резултатот. „Доктор Трусдејл... Ти си чудотворец од Бога! Твоите раце се БЛАГОСЛОВЕНИ!“, стои во еден од коментарите. Друг додава: „Ми се допаѓа што не се обиде да ја направиш да изгледа како да има 20, туку и даде реалистична фејслифтинг операција и и одзеде 50-60 години од животот. Таа зрачи.“ „Изгледа толку природно, неверојатно“, се согласува уште еден корисник.

Огромна поддршка од јавноста: Пофалби за докторот и природниот изглед на пациентката

-->