No Image x 0.00 + POST No Image

Македонски туристи останаа без документи во Грција: Им го обиле автомобилот за помалку од минута додека биле на ручек

SHARE
0

Македонски туристи предупредуваат на нова кражба во Грција, откако од нивното возило биле украдени патни документи оставени во мала чанта. Се враќале од Сивири и застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“, каде планирале да ручаат. Кога повторно дошле до автомобилот, забележале дека возилото било провалено, а чантата ја немало. Меѓу украденото имало пасоши на македонски државјани, но и документи на нивни пријатели со португалски и шпански пасош.

Македонски туристи останаа без документи во Грција: Им го обиле автомобилот за помалку од минута додека биле на ручек

На безбедносните камери била забележана жена поврзана со случајот

Случајот веднаш бил пријавен во грчката полиција, каде бил направен записник. Според сведоштвото на туристите, исчезнале вкупно пет пасоши и други документи поврзани со патувањето. Тие велат дека снимките од камерите покажале жена за која се сомневаат дека има врска со кражбата. Нивниот апел е директен: туристите во Грција да бидат внимателни и да не оставаат пасоши, пари и вредни предмети во автомобилите, дури и кога возилата се паркирани на туристички локации.

На безбедносните камери била забележана жена поврзана со случајот

Пред Лидл во Никити багажникот бил испразнет без траги од обивање

Предупредувањето се надоврзува на уште еден случај на Халкидики, кој бил споделен во повеќе групи на Фејсбук. Слична кражба, како онаа од крајот на јуни, повторно се случила на паркингот на маркетот Лидл во Никити. Туристи кои штотуку пристигнале во Ситонија го паркирале автомобилот, полн со работи, пред маркетот за да испазарат. Од багажникот биле украдени вредни технички предмети, без никакви видливи траги од провалување. Препораката што кружи низ социјалните мрежи гласи: „Никаде во Грција, ни на отворени паркинзи, ни пред големите маркети и трговски центри, ни по прометните улици, ни на паркинзите од плажи, НЕ ОСТАВАЈТЕ техника и вредни работи без надзор во автомобилот, дури ни на неколку минути!“

Пред Лидл во Никити багажникот бил испразнет без траги од обивање

Крадците наводно го попречуваат заклучувањето од далечина до 300 метри

Според предупредувањето, крадците „оперираат“ така што со специјален уред го попречуваат заклучувањето на автомобилот од клучот, од далечина до 300 метри или поблиску. Кога сопствениците ќе се оддалечат, тие го отвораат возилото без трага. Во последно време, најчесто наседнувале туристи кои штотуку пристигнале на одмор, затоа што нивните автомобили се полни со куфери и опрема. Семејството кое било жртва на кражбата изјавило: „На ист начин ни е украдена техниката од багажникот без траги на провалување. Најверојатно е во прашање организирана работа, сигурно не набљудувале додека сме биле во Лидл и дојавиле на некој кој го отворал багажникот, па дури и вратата од автомобилот. Потполно сме сигурни. Луѓе, штом стигнете на море, немојте да одите во Лидл, без оглед на тоа колку природно делува, затоа што тие набљудуваат секакви автомобили и гледаат куфери на седиштата. Ние, иако од искуство ги извадивме сите работи од автомобилот, останаа некои поголеми и искрено не помисливме дека некој може да ни го провали кодот за заклучување на автомобилот и такво нешто да ни се случи.“

Крадците наводно го попречуваат заклучувањето од далечина до 300 метри

-->