No Image x 0.00 + POST No Image

Професорка се согласила да помине пет дена во целосен мрак за да си ги смири мислите, но доживеала хорор: „Ги видов починатата мајка и роднините, тоа беше вистинска тортура“

SHARE
20

Кијана Аран, професорка по биоинженерство на Универзитетот во Калифорнија, во ноември 2024 година одлучила да спроведе необичен експеримент во тивка пештера во Полска. Нејзината цел била да открие како сетилната депривација влијае врз човечкиот ум и тело, но и да се соочи со мислите што со години не и давале мир. „Како професорка, мојот ум постојано работеше 'сто на час'. Пробав јога и медитација за да го смирам мозокот, но без успех. Постојано се прашував 'што е следно' и не можев да седам мирна. Затоа сакав да видам што ќе се случи кога ќе ги отстранам сите надворешни дразби“, раскажа д-р Аран.

Професорка се согласила да помине пет дена во целосен мрак за да си ги смири мислите, но доживеала хорор: „Ги видов починатата мајка и роднините, тоа беше вистинска тортура“

Храна еднаш дневно, без часовник, без светлина и без контакт со надворешниот свет

Условите во пештерата биле строги и исцрпувачки. На располагање имала кревет, бања и туш, но не смеела да користи никаква светлина, никаква забава и немала никаков контакт со луѓе надвор од експериментот. Сензори залепени по нејзиното тело постојано ги следеле виталните функции. Оброкот пристигнувал само еднаш дневно, во потполно непредвидливо време, па многу брзо го изгубила чувството за ден и ноќ.

Храна еднаш дневно, без часовник, без светлина и без контакт со надворешниот свет

Починатите мајка, братучетка и баба се појавиле пред неа во мракот

Она што следувало ги изненадило и самите истражувачи. Во потполна темнина, д-р Аран почнала да доживува морничави визуелни халуцинации. Пред очите и се појавиле ликовите на нејзината мајка, братучетка и баба, кои починале години порано, како седат заедно и гледаат во iPad. Професорката признала дека во тие моменти воопшто не можела да распознае дали сонува или халуцинира.

Починатите мајка, братучетка и баба се појавиле пред неа во мракот

На вториот ден веќе се прашувала како ќе издржи уште три

Покрај застрашувачките визии, психичкиот притисок од целосната самотија станал неподнослив многу порано отколку што очекувала. Во неа се насобрале силен немир и очајничка желба да ја напушти пештерата. „Се прашував како ќе издржам уште три дена овде, бидејќи не правев апсолутно ништо. Тоа беше еден вид тортура, едвај чекав да излезам“, искрена била докторката.

На вториот ден веќе се прашувала како ќе издржи уште три

Во темнината почнала да гледа контури, а вкусовите станале невообичаено силни

Иако престојувала во апсолутен мрак, нејзиното тело почнало чудно да се приспособува. Во просторот без светлина почнала да забележува облици на предмети, додека храната ја чувствувала со многу поинтензивни вкусови и текстури. Подоцнежните анализи покажале зголемено ниво на рецептори за вкус во нејзината плунка, како и сериозни промени во имунолошкиот систем, цревниот микробиом и биолошкиот часовник.

Во темнината почнала да гледа контури, а вкусовите станале невообичаено силни

Излегла на дневна светлина, ги прегрнала колегите и скокнала во замрзнато езеро

Моментот на враќање надвор бил полн со емоции. Ги прегрнала загрижените колеги и пријатели што ја чекале, а потоа направила потег што ги шокирал сите околу неа: истрчала до блиското замрзнато езеро и скокнала во ледената вода. „Ледената вода ме печеше на кожата, но по пет дена во потполна темнина, тоа беше најјасниот и најживиот потсетник дека сум жива!“, напиша д-р Аран во угледното научно списание „Nature“.

Излегла на дневна светлина, ги прегрнала колегите и скокнала во замрзнато езеро

По тортурата вели дека светот го гледа со повеќе трпение и благодарност

И покрај траумата и агонијата низ која поминала, научничката истакнува дека ова искуство трајно и го променило погледот кон животот. Денес, по петте дена во мрак, вели дека се чувствува потрпелива, позафална и посочувствителна кон сите околу себе.

По тортурата вели дека светот го гледа со повеќе трпение и благодарност

-->