No Image x 0.00 + POST No Image

Весна Јаневска: „Ќе затвориме 20 подрачни училишта. Пет деца во пет различни одделенија не е ниту образование, ниту социјализација“

SHARE
25

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави нов чекор во оптимизацијата на образовната мрежа во земјава. Годинава, според нејзината најава, ќе бидат затворени околу 20 подрачни училишта, таму каде што бројот на ученици е толку мал што наставата повеќе не може да го понуди она што училиштето треба да го даде: учење, средба со врсници и секојдневна социјализација.

Весна Јаневска: „Ќе затвориме 20 подрачни училишта. Пет деца во пет различни одделенија не е ниту образование, ниту социјализација“

Во некои паралелки има само еден ученик

Јаневска објасни дека со процесот ќе бидат опфатени училишта со многу мал број ученици, најчесто оние со помалку од пет, но и некои со седум или осум ученици. Според неа, наставата во такви услови не овозможува доволно квалитетен образовен процес. „Пет деца во пет различни одделенија, тоа не е образование ниту социјализација“, рече Јаневска, додавајќи дека учениците треба да имаат можност да учат и да се дружат во поголеми групи.

Во некои паралелки има само еден ученик

И во 2021 и 2022 година бил применет истиот рез поради недостиг на ученици

Министерката посочи дека и во тие две години околу 20 подрачни училишта биле затворени од истата причина. Таа оцени дека намалувањето на бројот на ученици главно е последица на падот на наталитетот, додека иселувањето, според неа, не е единствената причина. Јаневска најави и дека учениците новата учебна година ќе ја започнат со обезбедени учебници, при што најголем дел од дистрибуцијата веќе е завршен.

И во 2021 и 2022 година бил применет истиот рез поради недостиг на ученици

-->