No Image x 0.00 + POST No Image

Тоалетот на вселенското летало на НАСА откажа неколку часа по десетдневното патување до Месечината

SHARE
26

Четирите членови на екипажот на историската мисија Артемис 2 околу Месечината се на патување кое ќе влезе во историјата на човештвото – но само неколку часа по почетокот се соочија со голем проблем: тоалетот во нивната мала капсула откажа.

Тоалетот на вселенското летало на НАСА откажа неколку часа по десетдневното патување до Месечината

Вентилаторот на Универзалниот систем за управување со отпад се заглави, оставајќи ги астронаутите без можност за користење на тоалетот

Директорот на операциите на летање на НАСА, Норм Најт, изјави дека проблем со управувањето предизвикал вентилаторот на новиот Универзален систем за управување со отпад (UWMS) — или на обичен јазик, тоалетот — да се заглави. Тоа значеше дека астронаутите можеа привремено да го користат тоалетот само за измет, но не и за урина, пред конечно да биде поправен по неколку часа.

Вентилаторот на Универзалниот систем за управување со отпад се заглави, оставајќи ги астронаутите без можност за користење на тоалетот

Екипажот мораше да користи резервни системи

„Во меѓувреме, тие го користат контингентниот – резервен систем за управување со отпад посебно за урина,“ изјави портпаролот на НАСА, Гери Џордан за време на директниот пренос на агенцијата, цитиран од Space.com. „Системот за собирање на измет, таа посебна функционалност, и понатаму може да се користи со системот за управување со отпад на Орин„. „Колапсибилното контингентно уринарно решение“ набргу се наполни и требаше да се испразни. Ова е посебно непријатен развој, со оглед дека новиот тоалет е дизајниран да ги надмине ужасните приказни од мисиите Аполо, кога астронаутите се имаа соочено и со течење од талетот и со измет што лебдел низ воздухот за време на Аполо 8.

Екипажот мораше да користи резервни системи

Екипажот доби инструкции за поправка: „Тоалетот е повторно во функција“, соопшти Кристина Кук

За среќа, по неколку часа, НАСА астронаутката Кристина Кук јави добри вести откако доби инструкции за поправка. „Хјустон, Интегрити, добар чек – среќни сме да известиме дека тоалетот е повторно во функција,“ потврди мисионската контрола со малку дипломатски речник: „Препорачуваме да му дадете време на системот да стигне до работна брзина пред да дадете течност, и потоа да го оставите уште малку да работи по завршување на работата.“

Екипажот доби инструкции за поправка: „Тоалетот е повторно во функција“, соопшти Кристина Кук

Новиот вселенски тоалет е сепак огромен напредок: „Аполо“ астронаутите се малтретираа со кесички, а Артемис доби и приватност и модерен систем

Иако настана проблем, UWMS е сепак голем напредок за разлика од она што беа принудени да го користат астронаутите на Аполо. Тогаш немаше вистински тоалет, и астронаутите мораа да вршат нужда во пластични кеси. Урината се испушташе во вселената, а изметот се складираше и враќаше назад. Сепак, екипажите на Аполо кои слетаа на Месечината оставија 96 кеси од отпад на шест локации. UWMS сега е сместен во посебен, скриен дел под подот (“хигиенски бај“), обезбедувајќи му приватност на екипажот. Вселенскиот тоалет има иновативен лев за урина и тоалет седиште со вреќа што, со помош на воздух, го одвлекува отпадот од телото, слично како системот на Меѓународната вселенска станица.

Новиот вселенски тоалет е сепак огромен напредок: „Аполо“ астронаутите се малтретираа со кесички, а Артемис доби и приватност и модерен систем

-->