No Image x 0.00 + POST No Image

Пекол без излез: Во срцето на најсуровиот затвор — СЕСОТ, каде што затворениците губат секаква надеж за слобода

SHARE
26

Ел Салвадор, денес познат како едно од најбезбедните места во светот, до пред само неколку години беше симбол на улично насилство и немир. Во 2015 година, оваа мала држава беше на самиот врв по насилни криминални дела. Секојдневните војни меѓу бандите Barrio 18 и MS-13 ги тероризираа улиците – сè до крвавиот март 2022, кога сè се смени. Тогаш започна брутална акција против криминалот, а симбол на таа нова ера е CECOT (Centro de Confinamiento del Terrorismo) - Центар за притвор на терористи, најголемиот затвор во Латинска Америка, каде што илјадници членови на банди се затворени под строги услови, без контакт со надворешниот свет.

Пекол без излез: Во срцето на најсуровиот затвор — СЕСОТ, каде што затворениците губат секаква надеж за слобода

Масакр и масовни апсења: Како еден викенд го смени лицето на Салвадор

Меѓу 25 и 27 март 2022, бандите извршија невидено крвопролевање — во само три дена беа убиени 87 луѓе. Претседателот Наиб Букеле прогласи вонредна состојба и започна огромна полициска акција. Во рок од седум месеци, полицијата уапси 55.000 осомничени членови на банди, препознатливи по своите тетоважи па дури и на лицето.

Масакр и масовни апсења: Како еден викенд го смени лицето на Салвадор

СЕСОТ: Затвор од кој нема враќање — најголемото и најстрого чувано затворско чудовиште во Латинска Америка

По историскиот бран апсења, владата за повеќе од 100 милиони долари изгради монументален затвор. На 23 хектари, опкружен со 9-метарски бетонски ѕид и 3-метарска електрифицирана бодликава жица, сместен далеку од цивилизацијата крај вулканот Сан Висенте, затворот е непристапна тврдина. 19 кули, 600 војници и 250 полицајци се грижат за контролата, а затворениците се чуваат одвоени.

СЕСОТ: Затвор од кој нема враќање — најголемото и најстрого чувано затворско чудовиште во Латинска Америка

Живот без светлина: Невозможни услови, постојан надзор и целосна психолошка изолација за затворениците

Затворениците се сместени по 80 во пренатрупани ќелии, спијат на кревети со четири нивоа, делат два отворени тоалета и имаат само пластичен сад за миење. Тие добиваат само најосновна облека (маица, шорцеви, чаршав и пешкир) и вода за пиење во буриња во самата ќелија. Собите се постојано осветлени и следени од камери, а храната се дели во еднократни садови без прибор — три пати на ден, секогаш ориз, грав, тортиљи и понекогаш тестенини. Протеини од животинско потекло нема. Надвор излегуваат само 30 минути неделно за физички вежби или читање Библија. Посети и контакти со блиски се строго забранети.

Живот без светлина: Невозможни услови, постојан надзор и целосна психолошка изолација за затворениците

Скротените кралеви на улицата: Поранешните водачи на банди се изедначени од безнадежноста на СЕСОТ

Директорот на СЕСОТ, Белармино Гарсија, во април 2025 изјави дека бројот на затвореници се ближи до максималните 40.000, а претседателот Букеле најавува двојно зголемување на капацитетот. Речиси секој во оваа тврдина има крваво досие, а надворешниот свет за нив е засекогаш изгубен. Од некогашни кралеви на улицата, станаа затвореници преполни со очај и празни погледи. Приказната за најголемиот затвор во Латинска Америка е приказна за падот на моќта и конечна човекова безнадежност.

Скротените кралеви на улицата: Поранешните водачи на банди се изедначени од безнадежноста на СЕСОТ