No Image x 0.00 + POST No Image

Пастор од Њујорк за време на богослужба ги шокираше верниците: „Од сега јас сум жена и ќе ми се обраќате со таа/неа“

SHARE
25

Пасторот Фил Фанеф, 51 година, на богослужба им откри на верниците од црквата Норт Чили во Њујорк дека тој поминува низ трансродова транзиција и отсега ќе користи женски заменки. Во својата колоритна проповед, носејќи шамивче во виножито бои, Фанеф рече: „Со радост ви најавувам дека правам транзиција од машко во женско. Потврдувам и пред сите вас велам дека сум трансродова личност.“

Пастор од Њујорк за време на богослужба ги шокираше верниците: „Од сега јас сум жена и ќе ми се обраќате со таа/неа“

Фил Фанеф: „Не се претворам во жена, туку престанувам да се преправам дека сум маж“

Тој нагласи дека новото име и е Филипа Феј Фанеф, но дека ќе остане со титулата Реверенда Фил. „Јас нема да бидам полицаец за заменки. Не мислам дека некој ќе ме нарече со погрешни заменки од злоба“, кажа тој. Истакна дека единствените промени ќе бидат физички, бидејќи веќе три месеци прима хормонска терапија.

Фил Фанеф: „Не се претворам во жена, туку престанувам да се преправам дека сум маж“

Верата останува иста: „Мојата посветеност на Исус Христос и службата останува непроменета“

Пасторот ги увери верниците дека, и покрај неговата транзиција, посветеноста кон христијанската вера и мисијата ќе биде иста. Тој проповеда во црквата Норт Чили од 2019 година, а оваа објава се прошири по интернетот и го изненади целиот регион.

Верата останува иста: „Мојата посветеност на Исус Христос и службата останува непроменета“

Црквата се сложува, но семејството не поддржува: „Родителите не ме поддржуваат, избраа свои убедувања наместо да застанат зад своето дете“

Универзалната методистичка црква целосно го поддржува неговото излегување во јавност, но истото не може да се каже и за неговото семејство. „Ми пратија порака денес наутро и ме замолија да ви кажам дека не ме поддржуваат. Тие ги избраа своите убедувања наместо да застанат зад своето дете.“

Црквата се сложува, но семејството не поддржува: „Родителите не ме поддржуваат, избраа свои убедувања наместо да застанат зад своето дете“

Методистичката црква ги укина сите забрани и ги отвори вратите за ЛГБТ+ лицата

Методистичката црква, најголемата протестантска деноминација со околу 12,5 милиони членови во светот, во мај 2024 година одлучи да ги избрише сите забрани за ракополагање на ЛГБТ+ и дозволи венчавки на ист пол. Новите правила влегоа во сила во јануари, а сега црквата во своите принципи наведува дека сексуалноста е „свет дар“, осудувајќи ја досегашната реторика дека хомосексуалноста е грев.

Методистичката црква ги укина сите забрани и ги отвори вратите за ЛГБТ+ лицата