Ова се случува кога последната пластична операција уште не ти е заздравена: Ким Кардашијан излезе „без лице“
Ким Кардашијан предизвика вистинска збунетост на Гала вечерта на Академскиот музеј во Лос Анџелес со својот бизарен изглед. Скриена целосно под маска и необичен костум, таа изгуби контрола и ги исплаши дури и своите верни обожаватели.
Маска што го покрива целото лице
На 44 години, мајка на четири деца, Ким пристигна на настанот облечена во креација на Мезон Маржела – комплетна маска што целосно го прекрива лицето. Иако носеше и целосна шминка под маската, сепак едвај гледаше и речиси падна на лицето додека влегуваше во салата. Помошникот ѝ го држеше фустанот, а таа со рацете се обидуваше да не се сопне.
Провокативен моден израз што не секој го прифати: Реакции, шеги и сличности со Канје
Додека некои ја нарекоа „фантастична“ и „следно ниво“, многумина беа шокирани од изборот, коментирајќи дека личи на нејзиниот изглед од Мет Галата 2021 година кога со Канје Вест носеа слични маски. „Се' уште се гледа Канје во неа“, „Дали Канје ја стилизирал?“, „Изгледа апсурдно, можеби остана нешто од „лудилото на Канје“, беа дел од коментарите.