No Image x 0.00 + POST No Image

Овие обични предмети во вашиот дом ја влошуваат појавата на мувла – и штетат на здравјето на целото семејство

SHARE
25

Мувлата не е само зимски проблем – таа може да биде закана цела година и може да предизвика замор, несоница, анксиозност, постојано затнат нос, кашлица, чешање на очите, кивање и слаба концентрација кај децата и возрасните. Клиничкиот експерт д-р Сандип Гупта предупредува: барајте ги скриените виновници во секоја соба, пред таа да го загрози здравјето на саканите.

Овие обични предмети во вашиот дом ја влошуваат појавата на мувла – и штетат на здравјето на целото семејство

Играчки, алишта и хартија се магнети за мувла во детските соби и плакарите

Голем број играчки, облека во корпи или купови по полици се идеални за собирање прашина, нечистотии и влага. Хартијата е порозна и впива мувла и бактерии кои не можат да се исчистат. Алиштата со траги од мувла не само што ја шират заразата при перење, туку можат да го загадат целиот ормар и машина за перење.

Играчки, алишта и хартија се магнети за мувла во детските соби и плакарите

Мокри пешкири, бањарки и купови влажна облека создаваат идеални услови за раст на мувла

Дали ги оставате пешкирите од бања или бикините од плажа во корпи додека не ги наполните за перење? Лоша навика! Влажната облека мора веднаш да се пружи на сонце или да се испере – инаку мувлата бргу ќе се прошири. Иста судбина имаат и кујнските крпи: фрлете ги штом забележите промена на боја или појава на дамки од мувла.

Мокри пешкири, бањарки и купови влажна облека создаваат идеални услови за раст на мувла

Теписи, корпи од природни материјали и мебел д иверица – скриени извори на влага и мувла во секој дом

Корпите од јута, трска или ткаенина многу полесно впиваат влага и создаваат услови за појава на мувла, за разлика од пластичните или металните. Материјали како трска, бамбус, но и мебел изработен од иверка (познат и како „чипборд“) се особено подложни на натопување и оштетување. Дрвените подови се нешто побезбедни, но сепак, сите предмети што впиваат вода лесно можат да станат жариште на мувла. Затоа е важно редовно да се проветруваат просториите и да се прегледуваат овие предмети, особено во влажни услови.

Теписи, корпи од природни материјали и мебел д иверица – скриени извори на влага и мувла во секој дом

Проветрување, природна нега и избегнување мирисливи производи – најдобра заштита за вашето семејство

Редовно проверувајте ја влажноста во домот и каде што е можно, одбирајте тврди и непорозни површини. Најбезбедни се материјалите како пластика, метал и тврдо дрво. Избегнувајте мирисливи детергенти и прекумерна употреба на хемикалии – лицата чувствителни на мувла често имаат реакции и на вештачки мириси и состојки. Кога отстранувате мувла, никогаш не користете аеросоли – тие само ја распрскуваат во воздухот. Наместо тоа, избришете ја површината со влажна крпа и малку благ детергент, а потоа веднаш фрлете го искористениот материјал. Само така ќе го заштитите здравјето на вашите најблиски.

Проветрување, природна нега и избегнување мирисливи производи – најдобра заштита за вашето семејство