No Image x 0.00 + POST No Image

Ова е најопасното дрво на светот кое изгледа како јаболко, а дури и дождот што паѓа од неговите лисја ја пржи кожата

SHARE
25

Замислете да се шетате по тропска песочна плажа, ненадејно да ве фати пороен дожд и инстинктивно да потрчате под првата крошна за да се засолните. Ако таа крошна е од дрвото маншинел (Hippomane mancinella), тогаш засолништето станува најголемата животна грешка. Ова наизглед обично крајбрежно дрво, со ситни зелени плодови, Гинисовата книга на рекорди официално го прогласи за најопасно дрво на светот, и тоа со сериозна причина. Маншинелот расте во Флорида, особено во мочуришниот национален парк Еверглејдс, како и долж крајбрежјето на Карибите. Експертите од Универзитетот на Флорида постоано предупредуваат дека буквално секоj дел од ова дрво е смртоносно отровен.

Ова е најопасното дрво на светот кое изгледа како јаболко, а дури и дождот што паѓа од неговите лисја ја пржи кожата

Капките што се слеваат низ лисјата го носат отровот директно на кожата

Кората, гранките, лисјата и плодовите лачат густ млечен сок кој при секоj контакт со човечка кожа предизвикува тешки плускавци, слични на изгореници од наjвисок степен. Токму затоа е опасно дури и само да стоите под ова дрво додека врне. Дождот го раствора отровот од лисјата, а капките што паѓаат врз телото буквално ја пржат кожата. Ако сокот допре до очите, може да предизвика моментално и силно привремено слепило. Ништо помалку опасен не е ниту чадот: ако некоj се обиде да запали дрво од маншинел, густиот токсичен чад може траjно да го оштети видот на луѓето што се наоѓаат во близина.

Капките што се слеваат низ лисјата го носат отровот директно на кожата

„manzanilla de la muerte“ било името што конквистадорите му го дале на малото зелено јаболко

Наjголемата стапица се крие во плодовите, кои неодоливо потсетуваат на ситни, сочни зелени jаболка. Според податоците од Гинисовата книга на рекорди, само едно мало гризнување е доволно за да предизвика страотни рани во грлото, отекување на дишните патишта и неподнослива болка што води до задушување. Токму затоа шпанските конквистадори ова дрво го нарекле „manzanilla de la muerte“, што во превод значи „мало јаболко на смртта“. Историските записи бележат дека познатиот шпански истражувач Хуан Понсе де Леон во 1521 година загинал откако во борба бил погоден од стрела чиј врв домородците го премачкале со отровниот сок од маншинел. Колку овој плод е измамен, најдобро сведочи искуството на една лекарка која случаjно го загризала за време на одмор на Карибите. Таа подоцна опишала дека првиот залак имал приjатно сладок вкус, но по неколку секунди се појавило необично печење во устата, кое брзо се претворило во пеколна болка, стегање на грлото и тешко гушење. Поради тоа, на сите места каде што расте ова дрво денес се поставуваат јасно видливи табли за предупредување и црвени ознаки на стеблата. На ова растение не смее да му се приоѓа.

„manzanilla de la muerte“ било името што конквистадорите му го дале на малото зелено јаболко

-->