No Image x 0.00 + POST No Image

Откријте го трикот за совршено печени моркови: Едноставен совет што ќе ја промени вечерата засекогаш

SHARE
25

Морковите се едни од најчестите зеленчуци кои ги сервираме со вечерата, но кога се само варени, нивниот вкус знае да биде безличен. Варењето е брзо, но често ги прави морковите водени, им го одзема природниот вкус и дел од витамините поминуваат во водата. Но, готвачката Жанин Донофрио, креаторка на „Love and Lemons“, открива како со еден едноставен трик и малку мед, ќе почнете секојдневно да посакувате печени моркови.

Откријте го трикот за совршено печени моркови: Едноставен совет што ќе ја промени вечерата засекогаш

Топлината од рерната го засилува природниот вкус и им дава крцкавост на морковите

Жанин објаснува: „Според мене, печените моркови се идеален зеленчук. Лесни се за подготовка, а имаат фантастичен вкус. Жешката рерна го истакнува природниот шеќер во морковите, правејќи ги меки и сочни, со благо крцкави и карамелизирани рабови.“

Топлината од рерната го засилува природниот вкус и им дава крцкавост на морковите

Тајната состојка – малку мед за совршен сјај и вкусна карамела

„Покрај маслиново масло, сол и бибер кои секогаш ги ставам на печен зеленчук, овде додавам и малку мед. Тој помага морковите да добијат боја и карамелизација додека се печат" – вели таа. Печените моркови имаат далеку поубава структура – светната површина и бронзената боја ги прават неодоливи, за разлика од водените и бледи резултати добиени со варење. Печењето ги суши морковите и го нагласува природниот шеќер, кој се карамелизира. Медот создава глазура и дополнително го збогатува вкусот. Вака подготвените моркови се совршени, а се подготвуваат брзо.

Тајната состојка – малку мед за совршен сјај и вкусна карамела

Што ви е потребно за да подготвите печени моркови со мед

Состојки: - Моркови - Маслиново масло - Мед - Сол - Бибер - Магдонос (за декорација) Загрејте ја рерната на 220°C и ставете хартија за печење врз плехот. Исечете ги морковите на парчиња од по 5 см и ставете ги во голем сад. Додадете го маслиновото масло, медот, солта и биберот. Измешајте се добро додека морковите целосно не се покријат со смесата. Наредете ги морковите во еден слој на плехот. Печете 15-25 минути додека не омекнат и не добијат златно-кафеава боја. Финално, извадете ги, посипете со магдонос и сервирајте!

Што ви е потребно за да подготвите печени моркови со мед