No Image x 0.00 + POST No Image

Албанија - број 1 европска дестинација во којашто Американците „трчаат“ да се преселат

SHARE
24

Додека сите зборуваат за популарните европски држави како Шпанија, Португалија или Франција, една балканска земја ја освојува титулата „најпотценета“ – Албанија. Со цени кои се незамисливи во западна Европа, уникатна природа и изненадувачка гостопримливост, Албанија станува број еден избор за оние кои бараат нов дом далеку од САД. Дознајте зошто токму оваа земја ги исполнува сите желби на Американците кои сонуваат да започнат одново.

Албанија - број 1 европска дестинација во којашто Американците „трчаат“ да се преселат

Неверојатна пристапност: Изнајмување стан за помалку од 500 долари месечно и ниски трошоци за живот

Албанија е меѓу ретките места во Европа каде што и понатаму може да се изнајми удобен стан за под 500 долари (помалку од 460 евра) месечно. Ова е една од главните причини зашто се повеќе Американци се селат таму. Черил Орлов, која се пресели од Калифорнија во Тирана, вели дека и покрај растот на трошоците, се уште троши само дел од тоа што порано ѝ требало во САД. Храната, рестораните и здравството се значително поевтини, што им овозможува на дигитални номади и пензионери квалитет на живот кој во многу американски градови е недостижен.

Неверојатна пристапност: Изнајмување стан за помалку од 500 долари месечно и ниски трошоци за живот

Живот без визи: Американците може да останат во Албанија и до 12 месеци без документи

Едно од најголемите изненадувања за Американците е што можат да живеат во Албанија без виза дури една година. Ова ја прави земјата совршена за оние што сакаат „пробна верзија“ на животот во Европа, без административни компликации. Како што објаснува Дениса Кача Бредли од Expats in Albania, по годината престој е потребна документација, но процесот е возможен, а организацијата им помага на новодојдените. Многумина ја користат Албанија како скалило кон остатокот од Европа, а дел се „вкоренуваат“ за подолг рок.

Живот без визи: Американците може да останат во Албанија и до 12 месеци без документи

Волшебна природа, празни плажи и автентично искуство далеку од гужвата

Од дивата планина на север до тиркизните бранови на Јадранот и Јонското Море – Албанија ги освојува сите сетила. „Се возев по Ривиерата, посетив градови како Саранда, каде и во септември може да се плива, а плажите делуваат како приватна оаза. На само 30 минути со траект е грчкиот остров Крф, а планинските рурални села нудат идилична тишина и планинарски патеки. За љубителите на природа, ова е рајот кој сè уште не е преплавен од туристи“.

Волшебна природа, празни плажи и автентично искуство далеку од гужвата

Топлина и прифаќање: Албанците ги дочекуваат Американците со отворени раце

Иако до пред неколку децении Албанија беше затворена држава, денес локалците се особено гостопримливи кон странци, а посебно кон Американци. Дури и самите иселеници се изненадени од добриот однос и леснотијата за интеграција во заедницата.

Топлина и прифаќање: Албанците ги дочекуваат Американците со отворени раце