No Image x 0.00 + POST No Image

Отец Антониј: ДНК е потпис на Бога – вештачката интелигенција носи искушенија, а непростувањето нè согорува одвнатре

SHARE
25

Свештеник кој се занимава со ДНК, вештачка интелигенција, гревот и границите на науката. Отец Антониј Петрушевски од Кумановско-осоговската епархија е гласен на социјалните мрежи, на блогови и на порталот liturgija.mk. Во разговор за „Подкаст со Мартин Богатиноски" тој зборуваше директно за теми ретко слушани — за формалната религиозност, вештачката интелигенција и исповедта, хомосексуалноста и внатрешните разделби во МПЦ.

Отец Антониј: ДНК е потпис на Бога – вештачката интелигенција носи искушенија, а непростувањето нè согорува одвнатре

In This Article:

Знаењето за ДНК и алгоритмите расте, но најголемата непознаница останува човекот самиот себеси

Отец Антониј го почнува разговорот со важна опсервација: „Живееме во време кога знаеме повеќе од било кога. Знаеме како функционира ДНК. Знаеме како алгоритмите ги предвидуваат нашите избори. А сепак не знаеме што да правиме со себеси. Имаме информации, но немаме мир." Оваа внатрешна противречност се провлекува низ целото негово излагање.

Знаењето за ДНК и алгоритмите расте, но најголемата непознаница останува човекот самиот себеси

Божјите заповеди се насоки кон животот, не само забрани и закони

На прашањето дали денес може да се живее според Божјите заповеди, отец Антониј ја поставува поинаку рамката: „Не се тоа само правни закони. Тоа се упатства, показатели на правецот и насоката кон животот", вели тој. Декалогот, вели, не значи „забрани" туку – „десет зборови". Аналогијата со возењето ја објаснува: „Навикнати сме да возиме нерегуларно и велиме добро е во моментот што нема полиција. Меѓутоа тоа е дотолку полошо ако е пренесено во духовниот живот — кога гревот станува навика, тоа е многу опасна душевна состојба." Решението е исповедта – „тоа е она отфрлање на ѓубрето во човекот, достапно за секој христијанин". Ако рестартирањето на телефонот не помага — тогаш е потребна преинсталација, форматирање на душата.

Божјите заповеди се насоки кон животот, не само забрани и закони

ДНК – „потпис на Бога“ кој го носи човекот во себе

Отец Антониј со фасцинација зборува за ДНК: „Како може човек да биде атеист ако знае што е ДНК?" објаснувајќи детално: ДНК е 50.000 пати потенка од човеково влакно, во секоја клетка нејзината должина изнесува 2 метри, вкупната должина во човековото тело е 247 пати до сонцето и назад. Четирите бази формираат инструкции – три нуклеотиди создаваат кодон, кодонот е инструкција за аминокиселина, тие се зборови, протеините се реченици. „Ако ДНК замислиме како книга – имаме букви, зборови, реченици. Тоа е словесното битие наречено човек. ДНК ја нарекуваат јазик на животот, код на животот, но уште и потпис на Бога."

ДНК – „потпис на Бога“ кој го носи човекот во себе

Формалната религиозност го запира духовниот развој и може да биде поопасна од атеизмот

„Постат, палат свеќа, одат на голем празник – а во секојдневието се груби и осудуваат. Дали формалната религиозност е поопасна од отворениот атеизам?" прашува тој и одговара: Формалната религиозност е „надворешно исполнување без стремеж за поправање, без напредок". Цитира мотивациска фраза од лименка пиво: „Stagnation is decline. Стагнацијата е опаѓање. Во духовниот живот нема мирување – или напредуваме или назадуваме." Приказна за фарисејот и даночникот го илустрира тоа. За отворениот атеизам, пак: „Кога човек искрено го бара Бога и го наоѓа, Господ не го остава. Сомнежите на апостол Тома не биле осудени – биле исполнети."

Формалната религиозност го запира духовниот развој и може да биде поопасна од атеизмот

Вештачката интелигенција – алатка со огромни искушенија, но не може да простува гревови

Отец Антониј прашува: „Смее ли христијанинот да и каже благодарам на вештачката интелигенција?" и објаснува: Интелигенцијата носи големи предности, но и големи искушенија. Главната е „антропоморфноста“: таа не само што одговара, туку те фали, ти се насмевнува, те вовлекува во бескраен дијалог. „Создадена е не само да ти одговори, туку да те задржи – до кога? До бескрај." За децата е особено опасна ако не се контролира во образованието. А исповед преку чат – не прифаќа: „Свесниот христијанин знае дека исповедта е лично во црква со свештеник, со молитва. Не може апликацијата да простува гревови. Не може апликацијата да биде спроводник на благодат."

Вештачката интелигенција – алатка со огромни искушенија, но не може да простува гревови

Пороците потекнуваат од гордоста, а материјалната алчност ја разјадува душата

За најчестиот порок, отец Антониј вели: „Гордоста и егоизмот. Оттука потекнуваат сите пороци." Материјализмот, според него, е искушението човекот да се сведе на материјата. „Или ќе напредуваш кон духовното, или ќе се расчовечуваш во материјалното.“ Дури и идентификацијата со брендови ја гледа како симптом на оваа болест на времето.

Пороците потекнуваат од гордоста, а материјалната алчност ја разјадува душата

Разводите денес произлегуваат од преголемо истакнување на личното 'јас' наместо заедничкото 'ние'

За причините за честите разводи, вели: „Кога човекот ќе почне повеќе да го истакнува своето 'јас' пред 'ние', таму започнува напукнувањето." Бракот е „соединување на две личности во едно духовно битие". За родителството: „Не треба факултет да бидеш добар родител. Суштината е да го сакаш детето... ако детето нема каде да се врати, ако нема прибежиште – го принудуваме на најлошо."

Разводите денес произлегуваат од преголемо истакнување на личното 'јас' наместо заедничкото 'ние'

Хомосексуалноста е противприроден грев според учењето на црквата

На оваа деликатна тема отец Антониј не отстапува од ставот: „Хомосексуалноста не може да ја третираме како природна наклоност бидејќи основната одлика на човечкиот пол е природен афинитет кон спротивниот пол. Ако не ја третираме како душевна болест — поинаку да биде?" Разграничува: „Едно е ако човекот ги согледува тие несакани тенденции во душата и се бори против нив. Друго е ако се помирил и ако ги прифаќа."

Хомосексуалноста е противприроден грев според учењето на црквата

Болката те прави свесен за твојата ранливост, а простувањето е должност, не чувство

Отец Антониј за болката: „Кога е здрав, човекот мисли дека сè може. Болката му ја покажува неговата ранливост и тогаш бара помош од Бога. Но зарем мора да доживееме болка за да го побараме? Нашиот однос кон Бога треба да се заснова пред сè на благодарност – и во здравје и во болест." За простувањето: „Простувањето не се заснова на чувството. Тоа е должност. Непростувањето значи 'ти за мене не постоиш' – а во тоа се крие желба за уништување на другиот. Непростувањето нас нè согорува однатре, како црв може да ја нагризе душата." За свештеникот услов за служење литургија е да биде помирен со сите.

Болката те прави свесен за твојата ранливост, а простувањето е должност, не чувство

Канонското единство со томосот е најважно за МПЦ и секогаш ќе има разномислие, но треба единство

За томосот отец Антониј е јасен: „Со најголема радост. Канонското единство е остварено – тоа е најважното и највредното." Дебатата околу потеклото на томосот ја гледа како борба за власт: „Им е поважно тие да го доделат отколку ние да го добиеме." Внатрешните поделби во МПЦ ги смета за природни, но предупредува: „Најважно е да се запази единството. Секогаш имало разномислие. Добро е разномислието – дури не се создаваат реални поделби."

Канонското единство со томосот е најважно за МПЦ и секогаш ќе има разномислие, но треба единство

-->