No Image x 0.00 + POST No Image

Осуден на 38 години затвор за убиство што не го сторил – сега животот надвор му е загатка, а наскоро може да стане милионер

SHARE
26

Питер Саливан помина 38 години во некои од најтешките затвори во Британија, откако беше погрешно осуден за убиството на 21-годишната Дајан Синдал. Понижен по монструозното убиство, тој упорно тврдел дека е невин уште од 1987 година кога беше осуден. Ова е една од најголемите судски неправди во британската историја, а по излегувањето на слобода Саливан мора да се соочи со светот што драматично се изменил додека тој бил затвореник. Новата реалност му е целосно непозната, а дури и едноставни нешта како смартфони му претставуваат предизвик.

Осуден на 38 години затвор за убиство што не го сторил – сега животот надвор му е загатка, а наскоро може да стане милионер

Следејќи го светот преку екраните – животот на Питер Саливан по 38 години затвор

По неговото ослободување во мај, Саливан откри дека дури и едноставното одење во продавница се претворило во борба – за првпат се сретнал со самоуслужните каси. За да закаже лекар, морал да купи смартфон и да научи што значи апликација. „Гледав луѓе во автобуси залепени за екраните и не ми беше јасно што прават – сѐ додека не ги видов како ги ставаат уредите на уво и сфатив дека се телефони", раскажува 68-годишниот Саливан, кој досега има поминато повеќе години во затвор отколку на слобода.

Следејќи го светот преку екраните – животот на Питер Саливан по 38 години затвор

Институционализацијата и болката за изгубеното семејство остануваат трајни рани

Саливан признава дека навиките од затворот тешко избледуваат – често се враќа во својата соба и седи на креветот, несвесно очекувајќи стражарот да го заклучи. „Мора да бидеш на вратата во точно определено време, инаку стражарите ќе се скараат со тебе", вели тој за Би-Би-Си. Родителите му починале додека бил во затвор и додава: „Боли бидејќи не бев до нив”, а сѐ уште не можел да собере сила да го посети гробот на мајка си.

Институционализацијата и болката за изгубеното семејство остануваат трајни рани

Долгата битка за правда – нови ДНК докази го ослободија по речиси 40 години

Пресудата против Саливан е поништена годинава откако три високи судии на Апелациониот суд ги разгледале новите ДНК докази – профил кој не одговара на Саливан туку на непознат човек, идентификуван со методи достапни дури од 2015 година. „Колку и да изгледаа силни околностите на судењето, сега мора да се земе предвид новиот научен доказ што укажува на друг сторител“, истакна судија Холројд при поништувањето на пресудата.

Долгата битка за правда – нови ДНК докази го ослободија по речиси 40 години

Ќе добие ли право на милионската отштета или ќе остане без поддршка како невин човек?

Питер Саливан е сега кандидат за 1,3 милиони фунти отштета (околу 1,5 милиони евра), откако владата го зголеми лимитот за жртви на неправедна пресуда над 10 години. Но овој процес е долг и неизвесен. За разлика од осудените што признале вина и се пуштени условно, тој како невин не добива поддршка за сместување и животни трошоци (одличен систем!). „Не постои сума што е доволна за изгубени 38 години", вели неговата адвокатка Сара Мајат.

Ќе добие ли право на милионската отштета или ќе остане без поддршка како невин човек?

Жртвата– Дајан Синдал убиена додека работела како келнерка за да собере пари за свадба

Дајан Синдал, 21-годишна келнерка која собирала пари за свадба, била брутално убиена на 1 август 1986 година, откако ѝ се расипало комбето па пешачела кон бензинска пумпа. Нејзиното тело било најдено 12 часа подоцна во една уличка. Саливан цело време негирал дека бил близу местото на злосторството, а измешаните сведоштва доаѓале од тоа дека не можел да запомни каде се се движел.

Жртвата– Дајан Синдал убиена додека работела како келнерка за да собере пари за свадба

Полицајците изразуваат жалење додека потрагата по убиецот на Дајан трае

Полицијата на Мерсајд и јавноста изразија жалење, но сепак тврдат дека работеле според тогашните закони. Главниот полициски службеник Роб Карден изјави: „Тоа беше тешка судска неправда и длабоко жалам поради тоа што се случи со животот на господинот Саливан”. Потрагата по убиецот и понатаму продолжува, поддржана од Националната агенција за криминал, каде последните ДНК траги не се поклопуваат со веќе познати лица од базата. А сигурни сме дека тоа што полицајците и судиите изразиле жалење ќе му ги врати изгубените години на Питер Саливан.

Полицајците изразуваат жалење додека потрагата по убиецот на Дајан трае

Саливан сведочи за злоупотребите и ја бара вистината од полицијата

Во интервју од тајна локација, со скриено лице и изменет глас, Саливан кажува: „Не можам да им простам за тоа што ми го направија, тоа ќе остане со мене до крајот на животот, се додека не добијам извинување.“ Тој раскажува дека бил тепан во ќелијата, прекриен со ќебе и удиран со пендреци, присилен да признае вина за злосторство што не го сторил. „Тоа што ме натера да се предадам беше малтретирањето, не можев повеќе да издржам", искрено признава Саливан. Па сигурни сме дека тоа што полицајците и судиите изразиле жалење ќе му ги врати изгубените години на Питер Саливан и се што преживеал во затвор.

Саливан сведочи за злоупотребите и ја бара вистината од полицијата

Солидарност со семејството на жртвата и потрага по конечни одговори

Саливан изразува сочувство за семејството на Дајан Синдал: „Навистина ми е жал за нив, минаа низ пекол и пак се на почеток – не знаат кој го зеде животот на нивната ќерка. Ако треба, и сакам да им помогнам во судницата кога ќе го најдат вистинскиот сторител, ќе бидам таму со нив, 100%“. Тој бара едно: одговор и извинување од сите инволвирани во неговиот случај, за да може достојно да го живее остатокот од животот.

Солидарност со семејството на жртвата и потрага по конечни одговори