No Image x 0.00 + POST No Image

Општество каде жените владеат: Необичната древна традиција на Мосо – каде жената секоја вечер кани маж по сопствен избор

SHARE
25

Замислете заедница во која жената не е само почитувана, туку е апсолутен столб на семејството, духовен и материјален лидер. Така живее народот Мосо, скриен во ридовите на југозападна Кина. Околу 40.000 луѓе живеат според матријархалните правила, а женското е основа на целото општество. Но најнеобичната традиција е онаа кога секоја возрасна жена може да повика маж во својот дом – само за една ноќ.

Општество каде жените владеат: Необичната древна традиција на Мосо – каде жената секоја вечер кани маж по сопствен избор

Мосо: Матријархална структура каде мајката е глава на домот и наследството се пренесува само преку женската линија

Животот на Мосо се води по исклучителен матријархален систем. Не таткото, туку мајката, бабата или постарата сестра ги носат сите клучни решенија и управуваат со имотот и семејниот буџет. Презимето и наследството поминуваат само преку жените, кои ги воспитуваат новите генерации, додека улогата на мажите е споредна и ограничена на вечерните посети по покана на жена.

Мосо: Матријархална структура каде мајката е глава на домот и наследството се пренесува само преку женската линија

Тисе – 'Гостински брак': Жената сама избира кој ќе ја посети, а романсата е на второ место, важен е родот

Во овој народ, традицијата 'Тисе' значи дека нема зборови за 'маж' или 'жена' во класична смисла. Мажите се гости во женските домови – понекогаш само за една ноќ, а жената избира кого и кога ќе покани. Сè се прави со цел продолжување на родот: жената решава од кого, кога и колку деца ќе има, а тој маж ја нема обврската да се грижи за нив. Татковството е формалност, воспитувањето и наследството се чисто женски домен.

Тисе – 'Гостински брак': Жената сама избира кој ќе ја посети, а романсата е на второ место, важен е родот

Тајните ноќни посети: Мажот мора скришно да се искачи до спалната соба на жената – понекогаш користејќи алпинистичка опрема

Женските соби се традиционално на вториот кат, и во нив може да се влезе само низ специјален отвор од таванот. Мажот мора да се искачи тивко, често преку покривот, без да ги разбуди блиските на жената. Во оваа улога дошло дотаму што некои момчиња денес користат дури и аплпинистичка опрема. Наутро мажот мора без зборови да си замине – тоа е непишан закон.

Тајните ноќни посети: Мажот мора скришно да се искачи до спалната соба на жената – понекогаш користејќи алпинистичка опрема

Сон или терет? Многу од младите жени не сакаат да го продолжат матријархалниот модел и бегаат во градот

Немајќи обврски кон семејството, машкиот живот на Мосо изгледа како фантазија: без грижи, со многу слобода. Тоа го привлекува и мноштво туристи – особено љубопитни мажи, желни за авантури. Но оваа популарност носи и проблем. Многу млади девојки почнуваат да заминуваат во поголемите градови, не сакаат да ја носат тежината на традицијата, сонуват за љубов, раскош и модерен живот. Така, специфичните обичаи на Мосо полека се губат и исчезнуваат.

Сон или терет? Многу од младите жени не сакаат да го продолжат матријархалниот модел и бегаат во градот