No Image x 0.00 + POST No Image

Мажите одат до екстремни граници за физичка совршеност - 5 трендови што можат да ви го уништат здравјето (и да ве направат грди)

SHARE
20

До каде би отишол за да станеш “совршен”? Само неколку минути на форумите за “looksmaxxing” ќе ве шокираат – од споделување совети за како по секоја цена да се стигне до физичко “совршенство,” до раскажување ужаси за ризични, неповратни процедури во потрага по оптимален изглед. Иако овој феномен постои од 2010-тите, looksmaxxing денес се разлева и во мејнстримот. Влијателните личности како Карим Шами (@syrianpsycho) веќе имаат илјадници следбеници, претежно млади мажи кои се надеваат дека ќе ја зголемат својата самодоверба, статус и “сексуална пазарна вредност.” Така почнува “softmaxxing” – со одмерена нега, фитнес рутини и грижа за изглед... но колку подалеку ќе отидеш, толку опасно станува.

Мажите одат до екстремни граници за физичка совршеност - 5 трендови што можат да ви го уништат здравјето (и да ве направат грди)

Употреба на анаболни стероиди: мускули по секоја цена, но со разорни последици по здравјето

Анаболичките стероиди се синтетички деривати на тестостеронот со легитимна медицинска примена, но во looksmaxxing светот тие се рекламираат како експресна патека до мускулест изглед. “Ова не е како кога татковците на овие деца земаат тестостерон за хормонска терапија,” вели д-р Арaм Лоеб, уролог. “Анаболичките стероиди значи туркање до максимум, дури 4-5 пати повеќе од терапевтската доза.” Брзиот раст на мускулите и либидото може да изгледаат примамливо, но последиците се сериозни: хормонски колапс, неплодност, акни, опаѓање на косата, намалување на растот кај младите и настанок на гинекомастија (машки гради) кои остануваат засекогаш. Покрај тоа, илегалните стероиди се често загадени и носат ризик за срцето, црниот дроб и бубрезите. “Треба сериозно да се размисли за долгорочните импликации,” предупредува Лоеб.

Употреба на анаболни стероиди: мускули по секоја цена, но со разорни последици по здравјето

Инјекции за топење масти: лек што се инјектира дома може да ви ја уништи кожата засекогаш

На форумите кружат инјекции како Aqualyx и Lemon Bottle – промовирани како божемни решенија за остра вилица и лице. “Луѓето можат да купат продукти за топење на масти преку интернет, но нема гаранција дали навистина се стерилни или автентични,” објаснува пластичниот хирург д-р Риан Маеркс. “Кожата ви умира. Ќе имате големи улцери кои заздравуваат со месеци.” ФДА предупредува на трајни лузни, инфекции и деформации. “Со инјектирање во крвен сад – кожата умира, и добивате ужасни лузни што ќе ги носите засекогаш,” дополнува д-р Геворк Татариан. Неточна техника може да доведе и до парализа на лицето, болни грутки и асиметрија.

Инјекции за топење масти: лек што се инјектира дома може да ви ја уништи кожата засекогаш

Домаќинска естетика со PDO конци: ризик да си го обезличиш лицето засекогаш

Популарни се туторијали за употреба на полидиоксанон (PDO) конци за подигнување на лицето во домашни услови, што според експертите е екстремно ризично. “Ова не е 'hardmaxxing', туку 'riskmaxxing' со сопственото лице,” предупредува д-р Масуд Саман, пластичен хирург. Компликациите вклучуваат вдлабнатини, воспаление, неправилности, видливи конци кои пробиваат низ кожата. “Самостојно користење на PDO конци може да ве обезличи наместо да ве разубави,” вели Маеркс. Потоа, оштетување на нервите на лицето и хронична болка, парализа или пак не можете да ги затворите очите, па добивате суви очи и проблеми со видот.

Домаќинска естетика со PDO конци: ризик да си го обезличиш лицето засекогаш

Bonesmashing: самоуништувачкиот тренд што создава повеќе траума отколку убавина

Една од најшокантните и најопасни тенденции е таканаречениот “bonesmashing” – намерно удирање на коските на лицето со тап предмет како чекан, во надеж за поостри црти. Поддржувачите се повикуваат на Волфовиот закон, но експертите велат дека нема никаква научна основа: “Волфовиот закон се однесува на нормален стрес врз коските – не на постојано удирање со чекан,” категоричен е Саман. Ризиците се трајни: подливи, отекувања, болка, фрактури, трајни деформации и асиметрија на лицето. “Тука зборуваме за размена на вашата несигурност со трајно оштетување кое нема да исчезне ни по заздравувањето,” завршува Маеркс.

Bonesmashing: самоуништувачкиот тренд што создава повеќе траума отколку убавина

Methmaxxing: заострување на лицето по цена на уништување на животот и трајно стареење

Некои мажи ја одигруваат најопасната карта од сите – користат метамфетамин како средство за слабеење и издолжување на образите. Инфлуенсерот Clavicular отворено зборува: “Мојата цел не беше само продуктивноста и психоактивниот ефект на метамфетаминот, туку и губење апетит.” Последиците доаѓаат брзо: “Започнав со метамфетамин за да имам вдлабнати образи, но срцето ми чука чудно,” пишува еден на форум. “Станува сериозно, треба вистинска помош.” Метот носи висок ризик од срцев и мозочен удар, напади, депресија, зависност, забрзано стареење, драматичен пад на отпорноста и уништување на кожата и забите. “Ги препознавам корисниците на мет само гледајќи ги,” вели др. Даниеле Пиомели, универзитет во Калифорнија. “Староста на лицето настапува за само неколку недели. Ако земате метамфетамин, вашето тело многу брзо ќе се распадне, особено деловите што сакате да ги покажете.”

Methmaxxing: заострување на лицето по цена на уништување на животот и трајно стареење

-->