No Image x 0.00 + POST No Image

Ох, демократијо: Погледнете за што треба да плати казна оваа жена во Австралија

SHARE
23

Млада жена од Мелбурн предизвика жестоки реакции на интернет откако се пожали дека ѝ била изречена казна од 100 долари поради тоа што не гласала на локалните избори. Во видео таа фрустрирано објаснува дека не знаела дека е задолжително да се гласа и на локално ниво. „Тукушто добив казна затоа што не сум гласала на избори на кои, изгледа, сум морала да гласам. Станува збор за изборите за Градскиот совет на Мелбурн 2024. Извинете, ама од кога е тоа задолжително? Знам дека гласањето е привилегија, не ми е тоа проблемот“, објаснува таа. Тврди дека отсекогаш гласала на државни и федерални избори, но никогаш не добила известување или гласачки материјал за локалните. „Никогаш не сум гласала на локални избори. Ниту сум слушнала нешто за нив. Првпат слушам за ова кога добив казна по пошта. Наводно не сум одговорила на претходно известување дека не сум гласала, но ниту едно такво писмо не ми стигна.“ Додаде дека е бесна бидејќи сега мора да плати казна од 99 долари, без да има можност да реагира претходно. Нејзиното видео предизвика поделени мислења — дел од коментарите ја обвинија дека сама е виновна и дека треба да ја прифати одговорноста. Некои ѝ порачаа: „Признај грешка и избриши го видеото“. Други, пак, ја поддржаа, велејќи дека ако навистина не ѝ стигнал гласачкиот пакет, има право да се жали. Во Викторија, локалните избори се спроведуваат целосно по пошта, а гласањето е задолжително на сите нивоа — локално, државно и федерално. Според податоците, на изборите за Градот Мелбурн оваа година гласале само 67,7% од запишаните избирачи, додека на последните федерални избори во истиот регион, излезноста била над 88%.

Ох, демократијо: Погледнете за што треба да плати казна оваа жена во Австралија