Од врвот на Холивуд до серија катастрофални неуспеси – Двејн Џонсон го губи статусот на најплатен актер во светот
Пред само неколку години, Двејн „The Rock“ Џонсон беше најголемата ѕвезда и најплатениот актер во Холивуд. Благодарение на улогите во франшизите како „Fast and furious“, „Jumanji“ и мегапопуларниот Netflix хит „Red Notice“, Џонсон целосно го напушти имиџот на поранешен борач и стана гарант за добра заработка. Но, низата разочарувачки филмови ја доведоа неговата кариера во сериозна криза.
In This Article:
Филмот „The Smashing Machine“ доживеа финансиски дебакл и покрај големите очекувања, Двејн доби пофалби од критиката
„The Smashing Machine“, биографскиот филм за ММА борецот Марк Кер во режија на Бени Сафди, беше најавуван како филм кој ќе му донесе Оскар на Џонсон. Но, наместо тоа, резултатот беше катастрофа: само 10 милиони долари заработка во САД наспроти буџет од 50 милиони. Критиките беа мешани, но Џонсон доби универзални пофалби за својата лична актерска трансформација. Дури и прочуениот режисер Кристофер Нолан јавно изјави: „Мислам дека тоа е неверојатна изведба. Не мислам дека оваа или било која друга година ќе видите подобро.“
Низа неуспеси
Катастрофите не застануваат тука. „Black Adam“ потфрли и критички и комерцијално, па Warner Bros реши да го рестартира DC универзумот без негова вклученост. Римејкот на „Baywatch“, во кој глумеше заедно со Зак Ефрон, помина исто така разочарувачки. Ниту обидот со „Jungle Cruise“ на Дизни во 2021 година не донесе профит – речиси непроменет буџет и ниска заработка. Џонсон во емотивна порака призна: „Во светот на раскажување на приказни, не можеш да контролираш колкав ќе биде приходот. Но, можеш да ја контролираш својата изведба и целосното посветување.“
Дел од јавноста го прогласува крајот на ерата на „The Rock“, но следат нови шанси
Популарни филмски критичари и интернет заедници брзо почнаа да го прогласуваат крајот на ерата на Џонсон како холивудска ѕвезда. „Неговата доминација на бокс-офисот официјално заврши, а неговата масовна привлечност очигледно избледува“, кажа Јутјуберот Џон Кампеа. Но, Џонсон сè уште има шанса да се врати со продолженијата на неговите најуспешни филмови: „Jumanji 3“, „Fast X: Part 2“ (2027) и играниот римејк на „Moana“ кој се очекува да биде огромен хит. Се планира и ново продолжение на „Jungle Cruise“ поради добрите резултати на Disney+.
Нова соработка со Бени Сафди и надеж за рестар
И покрај неуспехот на „The Smashing Machine“, тандемот Џонсон-Сафди доби нова шанса. Според Deadline, Џонсон ќе ја има главната улога во новиот филм на Сафди – „Lizard Music“, кој веќе го купи Amazon MGM Studios. „Среќни сме што повторно работиме со извонредниот Двејн Џонсон како и за првпат со неверојатниот креатор, писател и режисер Бени Сафди“, стои во изјавата од студиото, нагласувајќи ја инспирацијата од нивната претходна соработка. Новиот проект, според најавите, носи свежина и уникатност и може да му обезбеди нова страница во кариерата на Џонсон.