No Image x 0.00 + POST No Image

Од скијачки шампион до победник на Вимблдон: Јаник Синер докажа дека притисокот е привилегија

SHARE
22

Јаник Синер го освои својот прв трофеј на Вимблдон, но неговата спортска приказна не започна на тенискиот терен, туку на скијалиштата во Јужен Тирол, Италија. Овој млад и упорен спортист го победи двојниот шампион Карлос Алкараз и ја покажа својата величина на најголемата тениска сцена.

Од скијачки шампион до победник на Вимблдон: Јаник Синер докажа дека притисокот е привилегија

Од скијање до тениски шампион со четири гренд-слем титули

Синер започнал да скија на само три години и станал шампион во џајант слалом на осум години, а на 12 бил национален вицешампион. На 13 години се префрлил целосно на тенис, инспириран од скијачкиот ас Боде Милер, а не од тениските трофеи. Токму дисциплината и ригорозноста на скијањето му помогнаа да изгради истрајност и во тенисот денес.

Од скијање до тениски шампион со четири гренд-слем титули

Враќањето од суспензија

По три месеци суспензија поради допинг, Синер се врати на терените во мај и токму Вимблдон му ја донесе првата голема титула по враќањето. Во епската финална борба против Алкараз, противник кој дотогаш го победувал пет пати по ред, Синер овојпат најде сила да биде подобар и покажа дека поразите може да ти бидат најдобар учител. Ривалството на теренот со Алкараз е големо, но надвор од мечевите се почитуваат и се другари – понекогаш си праќаат пораки за поддршка и охрабрување.

Враќањето од суспензија

„Притисокот е привилегија“

Синер отворено зборува за менталните предизвици во спортот: „Притисокот е привилегија. Ако не чувствуваш притисок, значи дека не ти е гајле за тоа што го правиш.“ Тој објаснува дека токму тој притисок што го чувствува на секој меч е неговиот мотив да продолжи да работи напорно и да го надмине секој предизвик.

„Притисокот е привилегија“

Тајната на шампионите: менталитет низ болката и поразите

Она што ги одвојува врвните спортисти од останатите, според Синер, е спремноста да се мине низ болка, неподготвеност, желба за работа кога ти е најтешко. „Ако не научиш да се бориш и во тренинзите, нема да можеш ни на натпреварите. Во нашиот спорт не постојат вистински неуспеси, доколку си вложил 100%.“ За Синер, и поразот од Алкараз минатиот месец беше дар, шанса да биде уште подобар.

Тајната на шампионите: менталитет низ болката и поразите