Како спортската новинарка Ема Луиз Џонс стана најголема ѕвезда и се*с-симбол на BBC!
Не се само Италијанките и Русинките најубави спортски новинарки – Англија го има својот ас! Ема Луиз Џонс не само што ја подигна гледаноста на BBC, туку и стана симбол за женска самоувереност и слобода. Нејзините смели избори, и приватно и професионално, инспирираат илјадници луѓе, а последните откриени фотографии само ја засилија бурата во јавноста.
In This Article:
- Од соништа во Норвич до магистер по новинарство
- Брз подем: Од локално радио до фудбалски трансфер на годината – Eма го освои ТВ просторот преку LUTV!
- Влез во BBC и новинарска круна
- Инфлуенсер, активистка и жена без комплекси
- Поттик за лична храброст
- Љубовта на публиката е поголема од секоја титула: Од девојка што не знаеше фудбал до број еден водителка во Британија
Од соништа во Норвич до магистер по новинарство
Ема Џонс е родена на 21 декември 1990 година, во Норвич. Детската желба да биде телевизиска ѕвезда ја насочила низ студии во колеџот на сер Џон Дин и новинарство во Универзитетот во Шефилд. Во 2014 година, таа станува магистер по телевизиско и радио новинарство – чекор кој ја отворил вратата кон британските медиуми.
Брз подем: Од локално радио до фудбалски трансфер на годината – Eма го освои ТВ просторот преку LUTV!
Кратко по дипломирањето, Емма работеше на радио Viking FM, но вистинската пресвртница беше поканата од LUTV – каналот на „Лидс Јунајтед“. Без искуство во фудбал, научи правила во движење, а нејзината појава беше толку влијателна што дури навивачите ја нарекоа најдобар трансфер на клубот. Емисиите со неа станаа најгледани, и до 10 пати попопуларни од стандардните содржини.
Влез во BBC и новинарска круна
По искуството во William Hill, во 2018 година Ема го привлекува вниманието на BBC. Пресвртната точка ја бележи нејзиниот прв настап со поранешниот фудбалер на Велс, Роби Савеџ, при што подкастот станува редовен успех. Во декември 2019 година нивниот проект „606“ ја освојува наградата за „радиошоу на годината“ според Фудбалската асоцијација на обожаватели.
Инфлуенсер, активистка и жена без комплекси
Освен телевизиските успеси, Ема активно води социјални мрежи каде ја следат 430.000 луѓе. Редовно објавува слики од фотосесии и патувања, а силно ја поддржува иницијативата #NoBraNoProblem. За неа градникот е непотребен предмет за сексуализација, а нејзиниот активизам вклучува и бројни хуманитарни акции за помош на најранливите.
Поттик за лична храброст
Иако изгледа беспрекорно самоуверено, Ема доживеа непријатна ситуација на почетокот од кариерата. Фотографии од неа беа злоупотребени за лажни профили на Tinder. „Луѓе кои се претставуваа како стјуардеси и продавачи ги користеа моите слики за да бараат состаноци. Тоа беше тежок период. Денес, имам одбивност кон запознавањата преку интернет“, изјави таа на социјалните мрежи.
Љубовта на публиката е поголема од секоја титула: Од девојка што не знаеше фудбал до број еден водителка во Британија
Без разлика на сите искушенија, Ема успеа да го освои срцето на англиската јавност и да се искачи на врвот како најпозната спортска новинарка во Британија. Нејзината приказна е пример за тоа дека храброста и искреноста можат да те донесат подалеку од сите предрасуди. Ема, само напред!