No Image x 0.00 + POST No Image

Од човек за потсмев до икона, и назад до дното: Неславната борба на Жан-Клод Ван Дам

SHARE
24

Сметате ли дека најстрашниот противник на Жан-Клод Ван Дам бил Боло Јенг во „Крвав спорт“ или Долф Лундгрен во „Универзален војник“? Вистината е многу подлабока – најголемата борба на Ван Дам не се случила ниту на филмскиот ринг, ниту на снимање, туку внатре во неговата психа.

Од човек за потсмев до икона, и назад до дното: Неславната борба на Жан-Клод Ван Дам

Балетот, понижувањата и желбата да докаже дека е „вистински маж“

Малкумина знаат дека патот на Ван Дам до славата почнал во балетско студио, каде што неговиот татко го однел како срамежлив, кревок дечко. Балетот му го дал тоа што ќе го направи уникатен: дисциплина и флексибилност. Но, во очите на други момчиња, тоа било само причина за исмевање. Потребата да ја докаже својата машкост и да ги победи чувствата на ниска самодоверба се претворија во мотор кој ќе го води целиот живот.

Балетот, понижувањата и желбата да докаже дека е „вистински маж“

Холивудскиот уништен сон

Дошол во Холивуд со надеж, но веднаш бил понижен. Првата голема шанса — улогата заедно со Арнолд Шварценегер — се претворила во кошмар: наместо акција, побарано му било да биде чудовиште без лице. Неговите идеи за кикбокс во улогата предизвикале разочарување кај продуцентите и бил заменет. Сепак, тој не се откажал. По вистинска битка за „Крвав спорт“, сам го уредил филмот, додал динамика и – филмот стана светски хит. Докажа дека разбира филм како никој друг – и се роди ѕвезда.

Холивудскиот уништен сон

Гордост, повреди и падот од врвот

Во 90-тите, Ван Дам стана крал на акционите филмови – хитови како „Двојна закана“, „Универзален војник“... На врвот заработуваше милиони, но притисокот и желбата да се одржи таму беа нечуствителни. Повредите, суетата и зависноста од дрога постепено го уништуваа. Инцидентот со телохранителот на Силвестер Сталоне, Чак Зито, го доведе до холивудска изолација. Никој веќе не сакаше да работи со него.

Гордост, повреди и падот од врвот

Исповед и простување: „Ж.К.В.Д.“ и храброста да се покаже слабост

Најнискaта точка ја достигна во средината на 2000-тите. Таму, меѓу урнатините на својот имиџ, Ван Дам одлучи да се соочи со себеси – на големото платно. Во автобиографската драма „Ж.К.В.Д.“ (2008), тој се играше самиот себе, а шестминутната сцена во која низ солзи се исповедува пред камерата ја потресе публиката. Ова веќе не беше непобедлив херој од 90-тите, туку човек кој признава пораз, тежина и каење. Парадоксално, токму тогаш светот му прости.

Исповед и простување: „Ж.К.В.Д.“ и храброста да се покаже слабост

Кој навистина победи?

Останува прашањето: Кој навистина победи – упорниот дечко од Брисел гладен за признание, или oсакатената холивудска ѕвезда заробена од зависности и его? Дали некој би издржал под тежината на машината што самиот ја започна? Оваа приказна не е само за падови и победи, туку и за храброста да се погледне себеси во огледало и да се биде искрен до болка.

Кој навистина победи?