No Image x 0.00 + POST No Image

Од ова најмногу се плашевме: Научниците создадоа робот помал од зрно сол кој може да патува низ човечкото тело

SHARE
0

Секој ден сме сѐ поблиску и поблиску до наномашините од научно-фантастичните филмови и видео игри. Тим истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Мичиген создадоа микроробот помал од зрно сол. Овој малечок робот е опремен со компјутер, мотор и сензори, што го прави неверојатно напреден за неговата големина. Се разбира, најлесен начин да ги натераш луѓето да прифатат вакво нешто е преку медицината, во која одамна нема хуманост.

Од ова најмногу се плашевме: Научниците создадоа робот помал од зрно сол кој може да патува низ човечкото тело

In This Article:

Микроскопски робот што може да почувствува, размислува и реагира самостојно претставен во Science Robotics

Според новото истражување објавено во списанието Science Robotics, овој микроробот може да биде почетна платформа за идни роботи кои би се користеле во човечкото тело за извонредни медицински задачи како што се поправање на ткива или доставување на терапија на тешко достапни места. „Тоа е првиот малечок робот што може да чувствува, размислува и реагира,“ изјави коавторот Марк Мискин, асистент професор по електротехника и системско инженерство на Универзитетот во Пенсилванија.

Микроскопски робот што може да почувствува, размислува и реагира самостојно претставен во Science Robotics

Роботот сè уште е експериментален, но научниците веруваат дека за 10 години ќе се користи во реални медицински ситуации

Во моментов уредот е сосема експериментален и не е подготвен за употреба во човечко тело. "Не би ме изненадило ако за 10 години имаме вистински примени за ваков тип на робот", изјави коавторот Дејвид Блау од Универзитетот во Мичиген.

Роботот сè уште е експериментален, но научниците веруваат дека за 10 години ќе се користи во реални медицински ситуации

Голем предизвик: Автономното движење на микророботите и обработка на податоци досега им беше невозможна мисија на научниците

Создавањето микроскопски робот што може да се движи, да почувствува околина и самостојно да донесува одлуки ги мачеше научниците долги децении. Роботичарите вообичаено се потпираат на надворешна контрола за микророботите, жртвувајќи ја нивната способност да обработуваат информации, што пак го ограничува нивното однесување и применливост во реалниот свет.

Голем предизвик: Автономното движење на микророботите и обработка на податоци досега им беше невозможна мисија на научниците

Роботи со димензии на микрони би ни овозможиле пристап до најмалите единици на човечката биологија

„Секоја жива работа, суштински, е огромен склоп од роботи од 100 микрони, и ако размислите за тоа, навистина е значајно што природата го избрала токму овој опсег на големина за да ја организира живата материја“, вели Мискин за Вашингтон Пост.

Роботи со димензии на микрони би ни овозможиле пристап до најмалите единици на човечката биологија

Роботот наликува на микрочип, направен од силициум, платина и титан и е обложен со заштитно стакло

Визуелно, роботот наликува на микрочип, изработен од материјали кои се користат и во чип индустријата како силициум, платина и титан, и заштитен е со слој што всушност претставува стакло, вели Мискин, со цел да се заштити од течности.

Роботот наликува на микрочип, направен од силициум, платина и титан и е обложен со заштитно стакло

Сончева енергија, минијатурен компјутер и „пливање“ низ човечката течност – ова е технологијата зад роботот

Роботот користи соларни клетки за да ја преобрази енергијата неопходна за неговиот компјутер и погонскиот систем, кој пак, со две електроди создава струја во околната вода. Роботот буквално „плива“. Иако компјутерот во него е илјадници пати побавен од модерен лаптоп, тоа сепак му овозможува да реагира на промени во околината, како на пример температурата.

Сончева енергија, минијатурен компјутер и „пливање“ низ човечката течност – ова е технологијата зад роботот

Големината и енергетската побарувачка на роботот се слични на едноклеточни организми

„На оваа скала, големината и енергетската побарувачка на роботот се споредливи со многу едноклеточни микроорганизми“, пишуваат авторите во студијата.

Големината и енергетската побарувачка на роботот се слични на едноклеточни организми

Роботот комуницира со луѓето: Може да прима и враќа пораки за тоа што гледа и прави

Најважно од сé, роботот може да комуницира со своите човечки оператори. „Можеме да му испратиме пораки преку лаптоп што сакаме да направи,“ вели Мискин, „а тој може да ни врати пораки со тоа што видел и што работел“.

Роботот комуницира со луѓето: Може да прима и враќа пораки за тоа што гледа и прави

Следната цел е микророботите да комуницираат и меѓусебно

„Следниот свет граал е тие да можат да комуницираат едни со други,“ изјавува Блау за Вашингтон Пост.

Следната цел е микророботите да комуницираат и меѓусебно