No Image x 0.00 + POST No Image

„Бев ѕвезда на OnlyFans - сега сакам да го вратам хименот и да се вратам на моите мормонски корени“

SHARE
20

Холи Џејн, некогашна OnlyFans ѕвезда од Тексас и самохрана мајка на три деца, одлучи да направи нешто неочекувано – да го обнови својот химен и така да го започне своето духовно враќање кон мормонството. По смртта на сопругот, таа го напуштила традиционалниот живот, но нејзината одлука сега е мотивирана од желбата за личен раст и почит кон патот низ кој поминала. Таа верува дека нејзиниот покоен сопруг би бил горд на оваа одлука.

„Бев ѕвезда на OnlyFans - сега сакам да го вратам хименот и да се вратам на моите мормонски корени“

Избркана од црквата поради OnlyFans, сега сака да го избрише минатото со хирургија инспирирана од молитва

Откако црквата дознала за нејзина работна ангажираност на OnlyFans, Холли била исклучена од заедницата. Во момент на молитва почувствувала „божествена директива“ – дека не е расипана и треба да биде обновена. Таа вели дека овој момент ѝ дал храброст и сила да го направи финалниот чекор кон самопочитување и верска посветеност.

Избркана од црквата поради OnlyFans, сега сака да го избрише минатото со хирургија инспирирана од молитва

Обновување на хименот како симбол за нов почеток, не за осуда

Холли нема намера со овој потег да ги срами жените или луѓето кои уживаат во сексот – напротив, за неа ова претставува лично ослободување и симболично раѓање. Вели дека одамна го простила сопствениот минат живот и мирот со Бога го пронашла уште откако била вдовица. Оваа операција е, според неа, само последниот слој во процесот на нејзиното оздравување. Опрецијата чини 3000 долари и за неа значи „свето раѓање“.

Обновување на хименот како симбол за нов почеток, не за осуда

Ова е нејзина лична борба, не обид за задоволување на црквата или мажите

Холи потенцира дека нејзината одлука не е за црквата или за било кој маж. Таа одамна се ослободила од нивната осуда и конечно се третира себеси со почит. Таа сака нејзината приказна да им даде надеж на другите кои се борат со срам. За неа, чистотата не се губи – таа се избира. „Не се работи за телото, туку за душата. Живеење во вистина, без да се кријам и простувајќи си себеси за товарите кои не требаше никогаш да ги носам – тоа денес за мене е чистота.“

Ова е нејзина лична борба, не обид за задоволување на црквата или мажите