No Image x 0.00 + POST No Image

Како мајсторчето од малото село Хамамацу го освои светот на автомобилската индустрија и сега нема човек на планетата што не му го знае презимето

SHARE
30

Името му е Соитиро, а презимето Хонда, кое гордо стои зад секој мотоцикл или автомобил со амблемот Honda. Но неговиот пат започнува од скромна работилница, со безброј неуспеси и падови, за да прерасне во моќна светска корпорација. Ова е приказната за визионерот што ја смени историјата на машинството и транспортот.

Како мајсторчето од малото село Хамамацу го освои светот на автомобилската индустрија и сега нема човек на планетата што не му го знае презимето

Детството на Соитиро Хонда: Синот на селскиот ковач со голема љубов кон механиката

Соитиро Хонда е роден во 1906 година во селото Хамамацу во Јапонија. Татко му бил ковач и вело-мајстор, мајка му ткајачка. Како дете, замајан од механиката, го гледал татко си како работи и наскоро сам почнал да расклопува и поправа велосипеди. Во училиштето многу слабо учел, но љубовта кон машините му го одредила патот – млад заминува во Токио каде што го учи автомеханичарскиот занает, а покрај автомобили поправал и мотори.

Детството на Соитиро Хонда: Синот на селскиот ковач со голема љубов кон механиката

Првите падови и раѓање на генијална идеја од пепелта на Втората светска војна

По враќањето дома, Хонда отвора сопствена работилница, патентира неколку изуми, отвора фабрика, но работи со загуба. Втората светска војна му ја руши фабриката, а и цела Јапонија останува во урнатини. Но токму тогаш – во времето на недостиг на транспорт – Хонда измислува едноставен мотор монтиран на велосипед. Практично, евтино, достапно – ова ќе биде спас за милион Јапонци и почеток на индустриско чудо.

Првите падови и раѓање на генијална идеја од пепелта на Втората светска војна

Honda Motor Co: Од мотори за опстанок до најголемиот производител на мотоцикли во светот

Во 1948 година, Хонда ја основал Honda Motor Co. и се фокусирал на производството на мотоцикли. За неколку години, Honda стана лидер во Јапонија, а подоцна и во светот. Моторите Honda ја менуваат перцепцијата во Европа и Америка: тие веќе не се средство само за бунтовници, туку за секого – лесни, сигурни и достапни.

Honda Motor Co: Од мотори за опстанок до најголемиот производител на мотоцикли во светот

Од мотори до автомобили – светска експанзија и оставено наследство што живее и денес

Во 1960-тите години, Honda се пробива и на пазарот на автомобили. Компактните, економични и сигурни модели како Civic и Accord стануваат легенди. Соитиро Хонда секогаш тврдеше: „Мислата раѓа изум, а изумот успех." Тој ја охрабруваше слободата во иновациите и ја сакаше смелоста да се експериментира. Остана инспирација за компанијата и по неговото повлекување во 1973 година, до неговата смрт во 1991. Денес, Honda напредува во автомобилската, мото и роботска индустрија, но суштината останува: вера во инженерството, упорноста и сон што може да го промени светот.

Од мотори до автомобили – светска експанзија и оставено наследство што живее и денес