No Image x 0.00 + POST No Image

Една фотографија го лансираше мојот бизнис со храна — сега соработувам со големи брендови

SHARE
20

Флоренс Суифт има само 34 години, а нејзината приказна докажува дека една фотографија може целосно да ви го смени животот. По случајниот почеток, денес работи со гигантски брендови како Anthropologie, Lululemon и Cult Beauty, а на патот доживеа се — од разочарување и стрес, до грандиозни настани и љубов што ја крепи. Не е само приказна за еден бизнис — ова е инспирација за сите кои сонуваат за нешто свое.

Една фотографија го лансираше мојот бизнис со храна — сега соработувам со големи брендови

Љубовта кон готвењето почнала во детството и се развивала и покрај секојдневните работи

„Семеен пријател ми подари неколку кујнски книги кога имав околу седум години“, вели Флоренс. „Правев 'супа од сешто нешто', која всушност беше минестроне, или симпатични мали колачиња. Моите родители не беа љубители на храната, но секогаш ми дозволуваа да направам хаос во кујната.” Иако нејзината пасија се појавила рано, Флоренс во 2016 работела како рецепционерка, а потоа и како шанкерка и во фитнес центар. Никогаш не престанала да се радува на храната: „Гледав многу готвачки содржини на Инстаграм и експериментирав со нешта што не сум ги знаела претходно. Ги видов тие разни плата за деликатеси и почнав и јас да ги правам дома."

Љубовта кон готвењето почнала во детството и се развивала  и покрај секојдневните работи

Првата шанса: Пријател и Инстаграм објава го стартуваат Garner & Graze

На почетокот од 2019, пријателка ја замолила Флоренс да биде кетеринг на еден роденден. „Бев навистина возбудена што добив можност тоа да го пробам," се присетува таа. Направила фотографија од храната и објавила на Инстаграм – реакциите биле исклучително позитивни. „Еден мој претприемачки пријател ме охрабри да направам свој бизнис." Со креативност од семејството, таа презема ризик и ја создава Garner & Graze, правејќи го профилот за Инстаграм во март 2019 година и работи на сертификат за безбедност на храна. Првите трошоци биле минимални — само контејнери и продукти, бидејќи работела од својот дом.

Првата шанса: Пријател и Инстаграм објава го стартуваат Garner & Graze

Од дома до WeWork: Првиот голем клиент ја мотивира Флоренс да продолжи и покрај стравовите

Во август 2019, ја добива првата нарачка за кетеринг во WeWork, каде што требала да подготви храна за клиентите. „Бев возбудена, но и многу нервозна. Никогаш не сум спремала за странци и постојано се прашував која сум јас што ова го правам – но сѐ помина одлично и добив уште резервации.”

Од дома до WeWork: Првиот голем клиент ја мотивира Флоренс да продолжи и покрај стравовите

Пандемијата носи неочекуван крах: Откажани настани, економска несигурност и борба за опстанок

Во март 2020 пандемијата целосно ја прекинува работата. Флоренс ја губи работата како бариста, а јавните собири и настани се забранети. „Сите резервации ми беа откажани и бев скршена. На почеток мислев дека ќе трае две недели, но по некое време решив да почнам да правам храна во кутии: крекери, маслинки, овошје, хумус, кашкавал и слатки. Беше навистина тешко и стресно, но научив многу за својот бизнис и себеси како жена-претприемач."

Пандемијата носи неочекуван крах: Откажани настани, економска несигурност и борба за опстанок

Стан, фрижидери и живот меѓу овошја: Garner & Graze експлодира по пандемијата

Кога се укинаа рестрикциите, Garner & Graze продолжи да расте, а до 2021 веќе не можела да работи во еднособниот стан кој го делела со нејзиното момче Маркус. „Почнав од мали порачки, а сега работев на настани за 300 луѓе. Во дневната имав 2 метра долг комерцијален фрижидер и 600 литра стоечки фрижидер во кујната!" Денес е во поголемо студио во источен Лондон, каде што денот може да започне и во 4 наутро, а неретко завршува доцна навечер.

Стан, фрижидери и живот меѓу овошја: Garner & Graze експлодира по пандемијата

Сезонски плодови, непредвидливи цени и промена на целиот деловен концепт

Флоренс користи само сезонски производи, особено овошје. „Морам да бидам приспособлива, и со производот и со цената. Сега користиме смокви и калинки, во лето користам праски и јагоди.“ Но, пазарот знае да изненади: „Околу 2022 година, бри сирењето поскапе од 5 фунти за килограм на 12, и така и другите сирења. Морам да ги покачам цените, а некои од трошоците мора да ги поднесам и самата.” Приходите и натаму варираат: „Повеќе заработувам, но имам и поголема слобода и одмор."

Сезонски плодови, непредвидливи цени и промена на целиот деловен концепт

Работа со гиганти како Anthropologie и Lululemon — и сопругот Маркус сега е целосно дел од тимот

Нејзините најголеми достигнувања се соработките со познати брендови како Cult Beauty, Anthropologie, Lululemon, John Lewis и Damson Madder. Бизнисот станал толку успешен, што нејзиниот сопруг Маркус ја напуштил својата работа за да и се придружи на тимот. А таа сега е е бремена 23 недели, и со возбуда гледа кон иднината. „Наскоро ќе добиеме бебе, и прекрасно е што можеме да го водиме бизнисот и заедно да го растеме нашето дете,“ вели таа.

Работа со гиганти како Anthropologie и Lululemon — и сопругот Маркус сега е целосно дел од тимот