Од бездомник до сопственик на Ламборџини – Човек кој се одлучи да живее во спортски теренец кој го нарече „Камперџини“
Замислете да останете без дом, но да си дозволите Ламборџини Урус и да го претворите во свој дом на тркала! Запознајте го Конор, првиот во светот кој го направи токму тоа. По трагична загуба на близок пријател и раскинување со девојката, Конор решава драстично да го промени својот живот: ја напушта работата, го продава својот дом и ги вложува сите пари во еден неверојатен аукциски Ламборџини Урус , кој го крсти „Камперџини“
In This Article:
Конор работел 14 години по 18 часа на ден
Конор цели 14 години работел по 18 часа дневно во градежна компанија. Но по смртта на пријателот и крај на врската, целосно го менува животот: го продава својот дом, си дава отказ и со парите купува Ламборџини Урус на аукција. Со „Камперџини“ веќе ја има обиколено речиси цела Европа и има план да ги посети сите земји на светот живеејќи во својот спортски теренец.
Ламборџини Урус како дом
Иако „Камперџини“ не е најудобен дом, Конор го опремил со фрижидер, шпорет, спиење на импровизирано легло и брз интернет преку Starlink. Но, реалноста не е секогаш гламурозна – мора да спие на алуминиумска плоча со тенок душек и да бара спортски сали за да се капе. Сепак, поради слободата што ја има ја вели „не жалам за ништо“.
„Камперџини“ против проблемите
Ламборџини Урус е практичен, но далеку од идеален за живот на пат. На нерамните прозорци не може да се постави мрежа против комарци, задното светло е слабо, тркалата морале да се заменат за подобро возење по различни терени, а задниот браник е отстранет за да може полесно да минува преку нерамни терени. На покривот има модерен багажник од Front Runner, место за резервно тркало и Starlink. Во иднина, Конор планира да ги замени предниот и задниот браник, да ја зголеми висината од подот и, можно, да постави кровна тенда.
За 32.000 километри патување само една сериозна поправка на моторот
Под хаубата се крие 8-цилиндричен V мотор со 641 коњска сила. На 32.000 километри возење, автомобилот имал само еден сериозен проблем — истекување од вакуумско црево поради оштетен O-прстен, при што морал да повика шлеп служба. Исто така имало и неколку мали оштетувања на каросеријата, како на предниот сплитер, и едно нефункционално копче во ентериерот. Но, најважното е дека „Камперџини“ му овозможува на Конор слобода и целосно ново значење на поимот „дом на тркала“, иако нема ниту бања, ниту тоалет.